ВМРО-ДПМНЕ повика на целосна истрага за случајот со водата во Гостивар
ВМРО-ДПМНЕ побара институциите целосно да го истражат случајот со загадувањето на водата во Гостивар, по кој повеќе од илјада граѓани побараа медицинска помош со симптоми на труење, а надлежните привремено забранија користење на водата за пиење. Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, на прес-конференција изјави дека партијата изразува загриженост и осуда за, како што рече, скандалот …
Continue Reading
Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ го одбија Изборниот законик што самите го создаваа
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека водат политика на блокади поради Изборниот законик. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека претставници на овие партии со месеци учествувале на работни средби, предлагале измени и корекции, а нивните барања биле прифатени. „Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор“, рече Манасиевски. Според …
Continue Reading
Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда …
Continue Reading
(Видео) Ангелова: ВМРО-ДПМНЕ го враќа достоинството и квалитетот во образованието
Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците, изјави Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без …
Continue Reading
Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација
Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на …
Continue Reading
Муцунски во Вашингтон: Кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор и заплашување избрани функционери станува збор за организирано политичко насилство
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Вашингтон учествуваше на министерска конференција посветена на заканите од подемот на политичкиот тероризам. На конференцијата, високи претставници од повеќе од шеесет држави разговараа за унапредување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички …
Continue Reading
„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години, креирање нови работни места главен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ „Со цел да се поддржат …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна
Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена, велат од ВМРО-ДПМНЕ по веста дека Драган Павловиќ – Латас е ослободен од обвинението за случајот „Тотал“ за даночно затајување. „Политичкиот прогон на поранешната власт на Венко Заев и корумпираното СЈО на чело со Катица Јанева која заврши зад решетки и …
Continue Reading
ВЛЕН: Каде завршија деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација?
Од ВЛЕН прашуваат каде завршиле деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација? „Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со …
Continue Reading