„СДС денеска со своето соопштение се нокаутира“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС денеска со своето соопштение се нокаутира. Сакаме да ги потсетиме од СДС дека во самата нивна Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година имаат нотирано дека заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022 и 2023 година се во износ од 3.349.462.340,00 денари“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Сето …

Continue Reading

(Видео) Митева: На МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Денеска и утре ќе објавиме зошто енергетскиот сектор во Македонија е на дното и како и на кој начин се трошеле државните пари секаде каде што не било неопходно. Пред да започнеме со деталите, да ја потсетиме јавноста само на последниот скандал – 14 милиони евра долг отпиша претходното раководство на МЕПСО, вели Марија Митева, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. „14 милиони …

Continue Reading

„На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ, ја оставиле Клиниката на цедило без основни медицински средства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ здравството било само област од која треба да профитираат поединци. Клиниката ТОАРИЛУЦ или Траума, ортопедија, реанимација и интензивно лекување ја оставиле во хаос“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Прво, контролите од надлежните покажуваат дека се aнгажирале лица со договор на дело незаконски. Или повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани со договор на дело …

Continue Reading

Од почит кон Бугарија, поради авионската несреќа, Муцунски не реагирал јавно во петокот за фотографирањето без македонското знаме

Пропуст и непочитување на договореното од страна на бугарскиот протокол e фотографирањето на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев, без македонското знаме, покрај знамињата на Бугарија и на Европската Унија, објаснија денес од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Министерот Тимчо Муцунски, кој заедно со министерот за култура, Зоран Љутков, беше дел од делегацијата што ја …

Continue Reading

Николоски-Ле Риголер: Започнавме со реформските процеси, Македонија останува силно посветена на евроинтеграциите

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер. На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји. Министерот Николоски ја истакна добрата соработка со Франција нагласувајќи ја …

Continue Reading

Коалицијата „Вреди“ ги повика институциите да ги истражат тендерите што ги добила фирмата фамилијарно поврзана со пратеникот Азири

Бујаре Абази од коалицијата „Вреди“ изнесе нови сомнежи за доделувањето на тендери во времето на претходната власт и ги повика надлежните институции да ги истражат наводите. „Фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, увоз-извоз од Куманово, чиј сопственик е внук на пратеникот на таканаречениот Европски Фронт, Елми Азири, во период од само една година, од државни институции наплатила вкупен износ од 7 милиони …

Continue Reading

„Арсовска е промашена инвестиција“- Таравари цени дека не смее да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници

Според министерот за здравство Арбен Таравари, скопската градоначалничка Данела Арсовска е промашена инвестиција но како што вели не смее да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници. „Има предлог од ЗЕЛС или градоначалникот на Кисела Вода, како да се разговара за разрешување на градоначалници, јас мислам дека градоначалниците се избираат непосредно од народот. Ние предлагаме промени во законот за локална …

Continue Reading

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Исцрпени договорите за набавка, ТОАРИЛУЦ оставена без основни средства и опрема

СДС и ДУИ го гледале здравството како партиска фирма. Наместо да се грижат за медицинскиот персонал и пациентите, тие се грижеле за тесно партиски интереси, истакна ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. „По извршените проверки во ТОАРИЛУЦ поранешното раководство ангажирало лица по договор за дело без финансиски согласности од Министерството за финансии. Во оваа клиника се преземени големи финансиски обврски без спроведени постапки. …

Continue Reading

Мицкоски: Очекувам уште три странски инвестиции до крајот на годината

Претседателката на Комората најави почеток на две инвестиции кои што изминатиов период заедно присуствувавме и ги отпочнавме. Очекувам во периодот кој што следи покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада уште дополнителни три до крајот на годината. Со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот на домашниот бруто производ за …

Continue Reading