Мицкоски: Предвидени се 350 капитални проекти од општините, само во секторот транспорт
Премиерот, Христијан Мицкоски денеска по извршениот надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, одговарајќи на новинарско прашање колку проекти се предвидени од транспортот и инфраструктурата, при отпочнувањето на првата фаза за капитални проекти од општините, информираше дека вкупно 350 проекти се предвидени, вклучително со дополната којашто треба да се случи до средината на месец ноември. Средствата кои ќе …
Continue Reading
Мицкоски: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на Коридор 8 и 10
„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. …
Continue Reading
Меџити: Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, а особено за економскиот развој
Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, изјави дека Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, а особено за економскиот развој. „Изразувам лично задоволство што ги гледаме првите работи што се појавија на површина и со тоа се затвора темата за Коридорот 8 како политичка тема. Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, за економскиот …
Continue Reading
Мицкоси не го добил писмото од Ахмети
Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека не го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за кое претходно информираа Интегративците преку допис до медиумите. „Не сум го добил, кога ќе го добијам ќе го коментирам“, изјави Мицкоски, одгварајќи на новинарско прашање. Премиерот потоа додаде и дека дневно добива многу писма, пораки и со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните. …
Continue Reading
(Видео) За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни, кажа Петрушевски
„За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни. Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоцитр за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, после долго време намалени трошоците за живот
„Синдикалната кошничка намалена за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение. Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за …
Continue Reading
Мицкоски е уверен дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ, ја повика Антикорупциската комисија случајот да го стави на брза трка
Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека директорот на Агенцијата за безбедност, Бојан Христовски, ги исполнува законските услови. Прашан од новинарите дали ќе бара одговорност од Христовски поради наводите кои се појавија за лажен сертификат по англиски јазик, Мицкоски изјави дека ќе го направи тоа ако го констатира соодветна институција. Премиерот рече дека ваквите тврдења излегуваат од опозициската СДСМ и исплашените поранешни …
Continue Reading
Кога ќе се констатира грешка, се презема одговорност, тоа е доблесно, рече Мицкоски за оставките на членовите во Комисијата за помилување
Жив човек кој што работи знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката се презема одговорност, тоа е доблесно. Вака премиерот Христијан Мицкоски ги искоментира оставките на сите членови на Комисијата за помилување. „Констатирана е грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин е да се повлечат, а тоа и го направија. Така што очекувам …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Треба да препроектира трасата за автопатот од Скопје до Блаце кој ја чини државата 300 милиони евра
Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран од страна на СДС и ДУИ да ја чини државата 300 …
Continue Reading