ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

Данела Арсовска успеа да го собори сопствениот рекорд. Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Данела Арсовска нема одговори зошто Скопје колабира, зошто јавниот превоз е пред колапс и зошто Скопје се дави во ѓубре. Арсовска бега од народните претставници, советниците, затоа што нема одговор зошто Скопје наместо да напредува се уназади со …

Continue Reading

Мицкоски: Владата ќе работи спортските канали во најбрзо време да се емитуваат на македонски јазик, формирана е Комисија

Премиерот, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали се презема нешто во врска со споменувањето на можноста, конечно да се стави ред во употребата на македонскиот јазик особено со емитувањето на странски, односно спортските арена канали во државата, информираше дека Владата веќе има формирано Комисија којашто има задача да направи напор да се користи македонскиот јазик, албанскиот и останатите јазици во …

Continue Reading

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека на владина седница се донесе одлука за укинување на лиценците за онлајн игрите на среќа, бидејќи според правното мислење од Министерството за финансии, истите се давани незаконски без да бидат запазени процедурите. „Затоа што тие лиценци коишто се давани, се незаконски давани. И затоа …

Continue Reading

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

„Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што е она што тие како менаџмент го наследија од претходниот менаџмент на Фондот. Самите слушнавте дека станува збор за долг од отприлика 5 милијарди денари. Тоа е некаде околу 80-тина милиони евра и повеќе“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како …

Continue Reading

Меџити: Нема потреба за загриженост, законот за бранители нема да помине, СДСМ преку ноќ станаа националисти

Владата има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите внатре, во владината коалиција, рече денес министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити откако во јавноста владините партнери покажаа спротивни ставови за предложениот закон за бранителите. Министерот Меџити смета дека не е законот за бранители во прашање туку дилемата како СДСМ, партнерот на ДУИ, кои осум години промовираа …

Continue Reading

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност. Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од Владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на други државни органи и истите се …

Continue Reading

„Вреди“: Сведоштвото на Ангелов го демаскира лажниот патриотизам на ДУИ И СДСМ

Како бомба одекна вчерашното сведоштво на Стојанче Ангелов кој директно посочи дека Али Ахмети лично и персонално изразил подготвеност да прифати усвојување само на Законот за бранители, додека бил во владина коалиција со СДСМ, истакнуваат од коалицијата. „Јасно е дека Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) и делегитимираниот СДСМ, кои очајнички се обидуваат да ја спасат својата кожа од кривична одговорност, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ со своето расипничко однесување, само по основ на арбитражни побарувања, буџетот на државата го ставила под опасност тешка 1,3 милијарди евра

Владата на СДС и ДУИ наместо да се грижи за граѓаните и државата, само крадела од народните пари. Приоритет на владата на СДС и ДУИ бил само партискиот интерес. Владата на СДС и ДУИ оставила огромна трага врз Буџетот. Владата на СДС и ДУИ ја ставиле државата и Буџетот под постојана закана од опасност тешка 1,3 милијарди евра. За што …

Continue Reading

И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, Пазарната инспекција утре ќе ги контролира бурекчилниците, а задутре трговците на големо

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, појасни денес директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски. Граѓани и во Инспекторатот се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива. „Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот …

Continue Reading