(Видео) Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10-милионски тендер, кажа Петрушевски
„Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ имало длабоки релации со Албанската фирма Шанси инвест, која го добила тендерот за набавка на уред за корекција на напонски профил заедно со Далековод АД Загреб“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Мелаим Адеми кој бил раководител на комерцијален сектор во МЕПСО, кога Шанси инвест го добила тендерот, своевремено бил управител на подружницата …
Continue Reading
Постојат индиции за сторен милионски криминал од раководството на МЕПСО назначено од СДС и ДУИ, ЈО да отвори предмет, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Јавното обвинителство да се одважи и да отвори предмет за да ги истражи наводите и сомнежите за сторен криминал во склучениот договор за јавна набавка од страна на МЕПСО. Веќе два дена јавно, на прес конференции, изнесуваме факти кои покренуваат сомнежи дека раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО, склучувало и менувало договори за нивните потреби со единствена цел испумпување …
Continue Reading
Мицкоски: Европскиот извештај како најголема слабост повторно ги посочува правосудството и реформата на администрацијата
Премиерот Христијан Мицкоски го доби извештајот на Европската Комисија кој се однесува на напредокот во изминатата година. Со извештајот, како што рече Мицкоски, опфатени се практично три влади, една политичка влада, една техничка влада и една влада која беше избрана на 23 јуни оваа година. Мицкоски изјави дека и без извештајот, свесен е оти граѓаните живеат тешко и дека ни се …
Continue Reading
Мицкоски за уставните измени: Ние не сме Бујар Османи, Маричиќ, ниту Ковачевски за да бидеме лековерни, ќе чекаме сигнал за да одиме чекор напред
Предлогот уставните измени да имаат одложено дејство за внесување на Бугарите во Уставот премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да го предаде сè додека јасно не ја види целта. Да се предаде предлогот во овој момент, кога сè уште Бугарија нема влада, Мицкоски смета дека е наивно оти таков унилатерален потег би значел целосно загрозување на и онака загрозените односи …
Continue Reading
Мицкоски: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, 250 евра за дигитални уреди и поддршка за бизнис
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска при посета на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка во Општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање за што прави Владата за младите одговори дека младите се во фокусот на Владата како и сите останати граѓани на Македонија. „Младите се во фокусот на Владата, впрочем сите се …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ дозволило промена на договор за набавка од 10 милиони евра
Според Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ при набавката на уредот за корекција на високонапонски профил од скоро 10 милиони евра инфлагранти исцртале шема како ги испумпувале парите. „На вчерашната прескоференција кажавме дека претпријатието „Далековод АД“ од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие, истото немало потреба од албанската …
Continue Reading
ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци во нивните редови и лица блиски со нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владеењето на СДС и ДУИ е забележано со бројни криминални и корупциски скандали, таков е последниот во МЕПСО каде постојат сомнежи и индиции за злоупотреба на три милиони евра …
Continue Reading
Николоски за „Катимерини“: Нашиот пат кон ЕУ е многу тежок
Нашите граѓани заслужуваат да бидат членки на ЕУ за да имаат подобра иднина. Како Влада се обврзавме дека ќе ги спроведеме неопходните реформи што ги имаме пред нас. Нашиот пат кон ЕУ е многу тежок, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за грчкиот весник Катимерини. Николоски во интервјуто посочува дека како Влада веруваат во …
Continue Reading
СДС е распадната структура, коридорите и беа маска за полнење на сопствените џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во СДС се далеку од реалноста и се дезориентирани. Политичката сцена бара сериозност и одговорност, а СДС наметнува реторика без суштина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по пресот на Благој Бочварски. СДС, според оваа партија, е само распадната структура која нема кредибилитет, компетентност, ниту има слух за проблемите на граѓаните и нивно решавање. ВМРО ДПМНЕ, како што додаваат, не игра на карта …
Continue Reading