(Видео) Марковска Илиевска: Скопје е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение

Седум години СДС потроши над 25 милијарди евра преку буџетот, а не инвестираше ниту едно евро за подобрување на животната средина и намалување на загадување воздухот. Скопје со денови се гуши и е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот, вели Анета Марковска Илиевска, советничка во Советот на Град Скопје. Граѓаните, додава таа, со право се …

Continue Reading

Мицевски: СДС го зголемија ДДВ додека беа на власт за 5% на основните прехранбени производи, а сега бараат истиот да се намали

Денес на пленарната седница во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски наведе дека бесмислено е барањето од опозицијата да се намали данокот за додадена вредност (ДДВ), а притоа тотално да забораваат дека тие истите го зголемиле данокот додека биле на власт со тоа што нивните предлози не кореспондираат со реалноста. „По однос на вториот закон односно …

Continue Reading

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Доколку сите политички партии го поддржаа ланскиот предлог на ЛДП за воведување законска можност за отповикување на градоначалник односно свикување на референдум, со кој ќе се разрешеше градоначалничката Данела Арсовска, денешниот колапс на јавниот превоз и високиот степен на аерозагадување, кое Скопје го однесе на првото место во Европа по загаденост, немаше да се случат. Однесувањето на градоначалничката Арсовска, наместо …

Continue Reading

Промените во здрвството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Трансформацијата на здравствениот систем во Македонија започна со потпишувањето на Колективниот договор за зголемување на платите на здравствените работници, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството и 3,850 денари за медицинските сестри“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата. Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните конeчно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени …

Continue Reading

Николоски: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура

Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и делегацијата од Европската банка за обнова и развој предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за Западен Балкан. На средбата се разговараше за финансиската подршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на …

Continue Reading

Меџити: Ќе изградиме интегриран систем за управување со отпад за полошкиот и пелагонискиот регион

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање г. Изет Меџити денеска потпиша договор за грант од 3 милиони евра со директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Матео Коланџели,наменети за процесот на собирање отпад во земјата. Меџити рече дека со овој грант се очекува да се олесни процесот на собирање отпад и да придонесе за …

Continue Reading

Таравари во „братска и соработлива атмосфера“ му честитал на Бегај за почнувањето на преговорите за ЕУ

Делегација од Алијансата за Албанците, предводена од претседателот Арбен Таравари, кој истовремено ја извршува функцијата министер за здравство, и заменик-премиерот Арбен Фетаи, кој е и секретар за меѓународни односи во АА, оствари посета на Албанија. За време на посетата, делегацијата имаше средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. „Денес, заедно со заменик-премиерот Арбен Фетаи и делегација од АА, имав …

Continue Reading

Петрушевски до опозицијата: Нула одговорност, нула резултати – тоа е вашето наследство

На денешна Комисија за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025, реплика даде и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Петрушевски изрази доза скептицизам кон амандманите, укажувајќи дека кога ваков предлог доаѓа од поранешен носител на функцијата вицепремиер за економски прашања. ,,Ако овој амандман беше предложен од лице кое не било вицепремиер за економски прашања, тогаш неговите намери …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите, велат од СДСМ

На денешната амандманска расправа ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот кој го предложи СДСМ, за помош и финансиски средства на загинатите припадници на безбедносните сили и нивните семејства, објави опозициската партија. „Овој амандман е предложен за да се обезбедат финансиски средства и СДСМ бара да се направи комисиски амандман за овие пари да се најдат во буџетот, со што ќе ги предвидиме …

Continue Reading