Лефков: СДС наместо да покаже емпатија, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста
„По синоќешната ТВ-дебата, СДСМ наместо да покаже емпатија кон трагично загубените млади животи, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста. Соопштението на пратеничката Тренчевска од СДСМ денеска не е ништо друго освен обид да се покрие долгогодишниот институционален неуспех и длабоко вкоренета корупција во системот кој доведе до трагедијата во дискотеката „Пулс“, вели Миле Лефков пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. …
Continue Reading
„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти
Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција. Координаторот на групата, Беким Коќу, најави дека во следните денови ќе им се приклучи и десетти член, а се надеваат дека можеби во наредниот период ќе стигнат и до четиринаесет. Со тоа, во моментот, пратеници од пратеничката …
Continue Reading
(Видео) Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за Модуларна болница, дали е заштитен
Еднонеделната прошетка во Дубаи на Филипче заедно со неговиот ментор Заев, вчера заврши. Филипче се врати од песочните плажи во Дубаи на коишто уживаше со Заев и тераше бизниси и се јави на прес-конференција, но не одговори на прашањата кои му ги поставивме. Денес повторно го прашуваме Филипче. Каде беше тој изминатава недела? Од каде му е златната виза за …
Continue Reading
„Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата, носи нови работни места, развој, напредок и проекти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата и ќе биде додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните и генерално на македонската економија. Договорот со Обединетото Кралство е историски и важен поради најмалку две причини“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството …
Continue Reading
„Влен“: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници!
„Политичкиот субјект ВЛЕН продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен и доверлив партнер во очите на меѓународниот фактор. Нашите транспарентни политики, евроатлантска ориентација и посветеност кон вистински реформи наидоа на разбирање и целосна поддршка од претставници на пријателски и сојузнички земји“, велат од „Влен“. „Претставниците на ВЛЕН секојдневно се пречекани од нашите меѓународни партнери, вклучувајќи ги и претставниците …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски до Филипче: Венко како беше одморот во Дубаи, Заев како е?
Здраво Венко, како си? Како беше на палмите во Дубаи? Заев како е, оди ли бизнисот? Харис Џиновиќ пееше ли повторно на ваша приватна забава? Сигурно од времето поминато на песочните плажи, Венко не е запознаен, но да ти кажеме дека камп за мигранти нема да има. Сигурно не си чул, но тоа го кажа и амбасадорот на Обединетото Кралство, …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на договорите за нов кредит од 6 милијарди евра кој го зема Владата. Тој посочи дека, според изјавите на премиерот и вицепремиерот, станува збор за два договори: „еден во делот на стратешка соработка, и еден договор на заем“ со Обединетото Кралство. …
Continue Reading
Минчев: Поддршка за европската иднина, но не по цена на македонскиот идентитет
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, на прашање од граѓаните на Македонски Брод, ја потенцираше јасната и принципиелна позиција на движењето во однос на прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. „Ние немаме ништо против ниту еден народ, вклучително и Бугарите. Не сме против нивното уставно спомнување, но бараме цврста гаранција дека тоа ќе биде …
Continue Reading
Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството
Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на законите, претседателот на Владата Христијан Мицкоски даде изјава и во врска со историскиот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. „Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори, …
Continue Reading