ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Филипче: Нема потреба од лидерска средба

Венко Филипче преку прилики за лидерски средби да не си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на лидерот на СДСМ, дека премиерот, Христијан Мицкоски, одбил лидерска средба. Ако Венко сака средби, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери …

Continue Reading

„Влен“ им посака добредојде на поранешните соработници на Таравари: Достоинствено застанаа со граѓаните

„Влен“ им посака добредојде и изрази благодарност до поранешните сопартијци на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците кои по несогласувањето со неговите политики им се приклучија и најавија дека ќе продолжат да дејствуваат во рамки на владејачката коалиција. Од „Влен“ за вицепремиерот Арбен Фетаи, ексминистерот Азир Алиу и уште десетици други велат дека избрале достоинствено да застанат таму каде што …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Обвинителството да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија

ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да ја испита улогата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче за случајот Онкологија, и да не го иззема од случаите настанати во негов министерски мандат. Од владејачката партија  велат дека после пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време …

Continue Reading

Да не се делиме пред надворешните фактори – Мицкоски повика на единство

Денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, мисијата на Свети Кирил и Методиј нè потсетува кои сме, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прославата за Свети Кирил и Методиј во Црквата Света Софија. Премиерот во обраќањето рече дека и на ваквите денови вообичаено во одредени кругови следи, се води дебата за тоа …

Continue Reading

(Видео) Манасков: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници и учениците, ништо од ветеното не исполни, изјави на прес-конференција, Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ. Од партијата по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители изразија благодарност до просветните работници и до сите оние кои секојдневно вложуваат целосна посветеност во воспитно-образовниот процес и во создавањето на идни професионалци во различните области …

Continue Reading

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто ексминистерот за здравство и актуелен претседател на опозициската партија, Венко Филипче е изземен од случајот Онкологија. Партијата оценува дека Венко Филипче бил убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија, а неговиот мандат, поврзан со скандали и злоупотреби. „Самиот Филипче е …

Continue Reading

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј

На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува и денес, порача премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод празнувањето на 24. мај. „Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да ви го честитам 24 Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Чествување …

Continue Reading

Вицепремиерот Фетаи за одлуката на пратеничката Мимоза Муса: Tи остана цврста во своите убедувања, лојална на дадениот завет

Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет. Во објава на Фејсбук, тој напиша: „Почит и благодарност за твојот непоколеблив став, драга Мимоза. Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во …

Continue Reading

Мицкоски: Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик, културните манифестации и книжевноста

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски се обрати на настанот 23 Мај, Национален ден на Власите, во Македонски народен театар. „Денес, стојам овде пред вас со длабока почит, одговорност и чувство на благодарност. Благодарност кон една заедница која со векови е дел од срцето на оваа земја, која со својата истрајност, трудољубивост и љубов кон татковината оставила неизбришлива …

Continue Reading