Ме радува спојувањето на „Вреди“, им посакувам успех, ние најверојатно ќе одиме и со свои кандидати за градоначалници, вели Таравари
Министерот за здравство и лидер на едно од двете крила на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, им го честита спојувањето во една партија на досегашните коалициски партнери од „Вреди“ и најави дека, најверојатно, освен свои советнички листи, неговата партија ќе оди сама и со кандидати за градоначалници на локалните избори наесен. „’Вреди’ се обедини. Им посакувам успех. Многу ме радува …
Continue Reading
Мицкоски: Добив одлична вест во авион – растот на индустриското производство за март е 5,2%
На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво, објави премиерот, Христијан Мицкоски. „Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Заев јадеше живи луѓе, дали Филипче и на тоа се восхитува и дали и од тоа учи?
„Зоран Заев јадеше живи луѓе, дали Филипче и на тоа се восхитува и дали и од тоа учи? Венко Филипче беше многу дециден, кажа дека од Заев народот треба да учи и дека нема друг како него. Во едно сме сигурни, канибал како Заев, кој пред избори најави дека ќе јаде живи луѓе и го стори тоа, нема“, рече Валентин …
Continue Reading
„Палењето на куќата на Пандов е обид за заплашување и замолчување, бидејќи криминалците повеќе немаат заштита од власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и повика на итна и брза реакција од страна на институциите. „Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги …
Continue Reading
„Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во слободното време, кога не ги распродаваше националните и државни интереси, Заев тераше разработени криминални и рекет шеми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Потрагично од криминалот на Заев е што неговиот наследник во СДС, Венко Филипче се воодушевува од него, вели дека нема …
Continue Reading
ВЛЕН: По 22 години измама, носиме канализација во Зајаз на Али Ахмети
„Кичево, градот кој беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции благодарение на посветеноста на коалицијата ВЛЕН. Големиот проект за изградба на колекторски систем и модерна пречистителна станица за отпадни води, вреден над 1 милијарда денари од државниот буџет, веќе почна да се реализира“, велат од ВЛЕН. „Овој проект претставува голем …
Continue Reading
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата
„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски. „Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.
Continue Reading
Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка
„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во услови кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го компромитираат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и …
Continue Reading
Ковачки: Денешната интерпелација служи како штит за оние што се соочуваат со правдата
„Денешната интерпелација, служи како штит за оние што се соочуваат со правдата, обидувајќи се да го дискредитираат напорот за расчистување со наследените криминални мрежи на ДУИ и СДС. Граѓаните заслужуваат да знаат дека ваквите потези не се во интерес на правдата, туку во интерес на заштита на старите политички елити“, напиша на социјалните мрежи, Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Поделбата …
Continue Reading