„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра. 2,5 милиони евра, европски пари кои потоа Европската заедница ги побара назад од државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владата на СДС, секогаш ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност. Каде и да се појавеа ја посрамотуваа државата и самите себеси. И на домашна и …

Continue Reading

„Влен“: ДУИ го претвори Охридскиот Договор во средство за лично збогатување и прикривање на неуспесите

„Поминаа 24 години од потпишувањето на Охридскиот договор, најважниот документ за рамноправност на Албанците во Северна Македонија, но сенката од неговата нецелосна имплементација продолжува да ги оптоварува државните институции. Сите го знаеме главниот виновник: ДУИ, партијата ‘нонграта’ која беше на власт 22 години по ред и која, наместо да го претвори Договорот во реалност, го користеше како изборен банер и …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Ако имало нешто противзаконско во Еразмус + како што зборува СДС, бомбастично ќе ги затвореа луѓето додека беа власт

СДС денес повторно вели дека имало спорен момент во раководењето на Националната агенција Еразмус +, односно бил спорен моментот од 2014 година до 2017 година. Да потсетиме, СДС беше на власт 7 години од 2017 година до лани. Доколку имало нешто спорно во Агенцијата Еразмус +, тие не само што ќе ги затвореа луѓето, туку и ќе ги снимаа и …

Continue Reading

Меџити: Охридскиот договор е жив темел на правична и инклузивна држава

Владата е посветена на изградба на правен и институционален систем кој гарантира реална, а не само формална еднаквост, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити. Тој посочи дека последиците од формалната еднаквост се чувствуваат во земјата, наведувајќи го примерот со, како што рече, половичниот Закон за употреба на албанскиот јазик, оспорен пред Уставниот суд, како и укинатиот механизам на балансерот од страна …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, прашува дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра? „Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра? Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев и е од марката Рива? Дали …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат на дијалог, на компромис и заедништво, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на свечената седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. „Летото 2001 беше едно од најтешките во нашата понова историја. Нашата татковина беше разнишана од конфликт, од …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Новото раководство во Еразмус е во целосна координација со канцеларијата на ЕУ

СДС нека провери во своите редови пред да зборува следен пат, Лидија Димова беше разрешена од Агенцијата заради злоупотреба на финансиски средства, не постои институција во која СДС нема направено криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинувањата од СДСМ  за новото раководство на „Еразмус“. „Актуелното решение е во целосна координација со канцеларијата на Европската Унија. Истите забелешки, СДС нека …

Continue Reading

„Влен“: Бујар Османи претставува симбол на дваесетгодишната корупција

„Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Бујар Османи. Знаат дека за дваесет години политика никогаш не направил ништо за Чаир, ниту помогнал на некого од Чаир. Се враќа тука само кога му требаат гласови за да ја продолжи својата лична политичка кариера“, велат од „Влен“. „Бујар Османи е симбол на кариеризмот – човек кој ја користеше секоја функција за …

Continue Reading