ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје
„Свесни за предизвиците кои не очекуваат во Градот Скопје, имаме план и визија како да ги решиме проблемите кои се наталожуваа изминатиов период, и да го промениме начинот на функционирање на градот – кон подобро. Граѓаните се наша водилка и мотивација да работиме повеќе и подобро. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ кандидира чесни, образовани и успешни луѓе во својот домен, за …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Одговорност и оставки од министрите за здравство и за внатрешни работи
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање повика на итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи, поради, како што рече, несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните. „Треба да си поднесе оставка министерот за здравство. Ги излажа граѓаните дека воздухот …
Continue Reading
За да нема чадење од Вардариште треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе кои живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски
Во решавање на проблемот со депонијата Вардариште треба да се вклучат сите институции, да им најде соодветен дом на луѓето кои живеат среде ѓубрето и просторот да се исчисти. Вака министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски смета дека треба да се разреши проблемот оти Министерството не може во овој момент строго да го ограничи излезот и влезот на депонијата оти …
Continue Reading
(Видео) „Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски
„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и Мециновиќ кои се претставуваат за скромни и чесни луѓе пред граѓаните, се само обични лицемери и луѓе кои свртеле милионски суми во своите џебови од сопствената партија“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Лицемерието во Левица е огромно. …
Continue Reading
„Влен“: Министерот на ДУИ, Насер Нуредини ја дал дозволата на складиштето во Трубарево
„ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи“, велат од „Влен“. „ДУИ денеска се обидува да …
Continue Reading
„Апасиев и Мециновќ се разоткриени, пред граѓаните глумат чесност, а зад завесите во џеб ставаат народни пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дволичноста на лицата од Левица веќе е на виделина. Лицата како Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои постојано зборуваат за чесност, грижа за граѓаните се покажа дека е една голема лага. Апасиев и Мециновиќ практично глумат едно пред јавноста, друго како приватни лица. Па така Апасиев и Мециновиќ си земале од партиските пари на Левица за лични потреби, тие пари …
Continue Reading
„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот за електронски отпад во Трубарево, не се случајни, туку се организирани од „центри на моќ“ во земјава и надвор од неа. Мицкоски верува дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот што следи, затоа што постојат центри на …
Continue Reading
Митева: Нема лица од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука
Иако Центарот за обука на МВР беше отстапен за сместување на жителите од Трубарево кои живеат во близина на складиштето за електронски отпад каде што вчера избувна пожар, до денес таму нема доброволно евакуирани граѓани. Информацијата ја потврди портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција. „Во делот на евакуацијата, пред почетокот на прес-конференцијата разговарав со министерот за внатрешни работи и …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата дека ги подметнува пожарите на депониите
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно ги обвини опозициската СДСМ и ДУИ за намерно подметнување на пожарите околу Скопје. „Хипокризијата кај СДС е се поизразена – наутро сеат страв со повици граѓаните да седат дома, а навечер прават журки во Градски парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии, одговорност ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека честите пожари во …
Continue Reading