(Видео) Лефков: СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко

СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на Белорусија, како …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП од 3,8 проценти во последното тримесечје, се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно поставени цели и добро проектирани политики, позитивните резултати во економијата се неизбежни, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Нагласуваат дека изминатата повеќе од година и половина се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки, кои доведоа до последователен раст на економската активност во шест квартали. „Последниот квартал од 2025 година, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: 66 тендери вредни 141 милион евра од ЕСМ за „Марковски компани“ на белорускиот почесен конзул од владата на СДС, јасен доказ за врските на Филипче и Заев со Путин

Рускиот олигарх Александар Онишченко, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, не е единствената врска за блискоста на СДС на Зоран Заев и Венко Филипче со Владимир Путин, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Покрај Онишченко, кого го вдомија во државата му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул …

Continue Reading

СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ. „Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се …

Continue Reading

Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации, велат од ЗНАМ за СДСМ

СДСМ повторно се обидува да ја замени политиката со навреди, аргументите со етикети, а вистината со конструкции, реагираат од ЗНАМ откако претходно од СДСМ истакнаа дека Максим Димитриевски е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре. „Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации. Движењето ЗНАМ за Наша …

Continue Reading

СДС сервилна знае само за патлиџан дипломатија и предавнички политики, руските играчи се во СДС и оние кои му дадоа државјанство на Онишченко, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС. Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси. СДС на меѓународен план и екипата на Бујар …

Continue Reading

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Премиерот, Христијан Мицкоски, информираше дека на денешната седница на Економско-социјалниот совет на дневен ред е Информација за висината на минималната плата, укажувајќи дека очекува да помине оваа Информација утре на владина седница. „Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата, која ќе биде во 2026 година согласно закон. Очекувам на следната владина седница да го поминеме ова …

Continue Reading

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно, рекол премиерот, Христијан Мицкоски, во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Тој изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е ајатолахот?

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој Македонија ја спореди со Иран и Венецуела. По ваквата изјава од владејачката партија велат дека СДСМ е потоната во свој микро свет, во кој сите се лоши, а само тие се добри. „Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран? Ако Филипче …

Continue Reading