Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува
Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци по утврдени низа неправилности околу настапот, вели дека во моментот на случувањата тој воопшто не знаел дека такво нешто се случува. Вели дека законите се јасни и најави дека многу строго и внимателно ќе го следи однесувањето на ваквиот …
Continue Reading
СДС со истите лаги, Македонија не е изолирана, туку ослободена од нивниот хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Изминатите седум дена, додека во СДС беа изгаснати светлата, веројатно беа нивните најпродуктивни денови, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тишината им одговара многу подобро од ова денешно повторување на истите несериозни конструкции. Парадоксално е како СДС успева да се самодискредитира секогаш кога ќе се појави. Наместо да понудат барем еден нов аргумент, повторуваат шаблони кои одамна не поминуваат кај никого. Кога нема …
Continue Reading
Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска
Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. „Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви …
Continue Reading
„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев, беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и …
Continue Reading
Владата ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата. -Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања. Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска постапува по насока на СДСМ и бара укинување на 7.000 денари за пензионерите
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираа на однесувањето на уставната судијка Добрила Кацарска, обвинувајќи ја дека постапува по насока на СДСМ и дека со предметот поднесен до Уставниот суд се загрозува зголемувањето од 7.000 денари за пензионерите. Ставовите партијата ги изнесе на прес-конференција преку портпаролот Валентин Манасиевски. Според Манасиевски, Кацарска „го загубила кредибилитетот пред граѓаните“ и продолжила да работи во партиски …
Continue Reading
Градоначалникот Митко Јанчев по скандалот со Аца Лукас: Кочани сценарио нема да дозволиме
Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој беше приведен од страна на полицијата, а според официјалното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, Лукас во ресторанот во Кавадарци настапувал без потребна дозвола. Од овие причини околу 00.10 часот концертот на Аца Лукас беше прекинат и пејачот …
Continue Reading
Мицкоски: Младите се сржта на партиите, наши наследници и иднината, зачувајте го вашето достоинство низ дејствувањето и работата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) во хотел Хилтон каде истакна дека младите се сржта на партиите и иднината, и даде силна поддршка за младите. „Некои од пораките што ги слушнав денес …
Continue Reading
Попов: Владата се залага за држава во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него
На денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија, се обрати Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој на самиот почеток истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализирала голем број од ветените проекти на изборната програма. „За многу краток период, …
Continue Reading