Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица не се гради и расте цената на стaновите
Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на становите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања. Според Николоски, додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата …
Continue Reading
„Го знам премиерот“ не поминува веќе, функционерите кои се повикуваат во мое име, ги знаеме, вели Мицкоски
„Повеќе пати го кажувам тоа, а ќе го кажам и сега, нема полоша работа за една држава и за една нација од тоа да имаме луѓе кои што управуваат со институциите без разлика на кое ниво, а се нечии заложници, односно би рекол затруени, инфицирани од криминал и корупција“, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања. Тој …
Continue Reading
Лимани: Потпишавме историски Колективен договор, со кој платите растат до 21% и се предвидуваат бројни придобивки за вработените
Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставувано од министерот Фатмир Лимани, и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, заедно со Синдикалната организација на Министерството, претставувана од Андријана Гуговска, склучија Колективен договор за вработените во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Колективниот договор кој денеска се потпиша страните потписници го истакнаа како …
Continue Reading
Трипуновски до Лукаревска: Гледајте и учете како се водат аграрни политики, а за тоа говорат и податоците на ДЗС
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Собранието одговори на пратеничко прашање поставено од Сања Лукаревска, при што се осврна на актуелните мерки во земјоделскиот сектор, со посебен акцент на оризопроизводството. Во своето обраќање, министерот истакна дека протестите организирани од опозицијата се обид за политичка манипулација, нагласувајќи дека токму тие кои денес критикуваат, во минатото оставиле сериозни …
Continue Reading
Мицкоски: Македонија од држава за потсмев во криза, сега е фактор на енергетска стабилност
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата Влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба. „Катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 …
Continue Reading
За две години во администрацијата ќе имаат за 40% повисока плата, на владина седница помина Колективниот договор којшто државните институции ќе го потпишуваат со вработените, соопшти Мицкоски
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор. „Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто …
Continue Reading
Мицкоски: Очекувам новиот јавен обвинител да постапи по претставки кои се чуваат во фиока, но и да се истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор, како се судеа луѓе за тероризам и како се делеа бонуси во СЈО
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. „Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на …
Continue Reading
За да остане на фотелјата, Филипче одбра СДСМ да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ, рече Манасиевски
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја води партијата по насоки од поранешниот премиер Зоран Заев и негови соработници, со цел да ја зачува својата позиција. „За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ“, рече Манасиевски на прес-конференција. Тој обвини дека, …
Continue Reading
Мицкоски: Македонскиот јазик е официјален на целата територија, Законот за правична застапеност ги помина сите филтри вклучително и на Венецијанска комисија
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата …
Continue Reading