Да се додаде уште еден предлог кон Договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон Договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски во таа насока појасни дека т.н. француски предлог од кој прозилегоа уставните измени е всушност репреговарање на Договорот за добрососедство. Неговиот коментар следеше откако американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа рече дека преговори нема да има …

Continue Reading

Мицкоски: По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови за живот

„По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, а стариот и дотраен објект ќе биде срушен. Над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови да го поминуваат своето детство. 1800 метри квадратни ќе бидат доволни да ги задоволат барањата на оваа населба, а инвестицијата е над 100 милиони денари. Има и одредена симболика за овој објект“, кажа премиерот Христијан Мицкоски. „Тука …

Continue Reading

Сиљановска Давкова се сретна со шпанскиот амбасадор: Шпанија е наш важен партнер во рамките на НАТО, ОН и ОБСЕ и поддржувач на аспирациите за членство во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лосано Гарсија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, при што беше беше истакната посветеноста за натамошно јакнење на пријателските и партнерски односи меѓу двете држави. Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Шпанија …

Continue Reading

Тошковски: Нова полициска станица во oпштина Бутел, подобри услови за полициските службеници за поквалитетни услуги за граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Бутел Дарко Костовски. „Како што ветивме пред граѓаните уште во техничкиот мандат, еден од приоритетите во делот на изградба на нови објекти е полициската станица во oпштина Бутел, објект кој е во најлоша состојба. Oд тие причини веднаш се почнува со средување на проектна документација и пренамена …

Continue Reading

Приватните специјализанти да добијат решение, а да работат онаму кадешто има дефицит на кадар, предлага Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека сме единствената држава во светот сме каде што има приватни специјализанти. Најави дека ќе се сретне со нив за да се обидат да изнајдат вин-вин реение. „На приватните специјализанти да им дадеме решение за работа, а тие да работат некаде каде што има дефицит на кадар, тие места да бидат пополнети. Сепак ќе …

Continue Reading

Муцунски – Дрекслер: Заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, што претставува прва заедничка средба на двајцата соговорници по именувањето на министерот Муцунски на функцијата. Муцунски изрази голема благодарност за безрезервната поддршка и посветеност на Германија на нашиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека новата Влада е силно фокусирана на европските интеграции и на …

Continue Reading

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа

Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година. „Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите како и …

Continue Reading

Филипче: Силно ќе се спротиставам на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ и да ја видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Ветувам дека нема да делам туку ќе обединувам. Ветувам дека ќе водам со пример и тоа ќе го барам од секој во партијата. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември

Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти. Ова е прва година за проектот 250 милиони евра …

Continue Reading