(Видео) „Стоп за топилница на алуминиум во Ново Село“, пратениците на Левица го поддржаа протестот
Поголем број на граѓански здруженија, екологисти и активисти од струмичко денес протестираа против отворање на топилница во Општина Ново Село. На протестот учествуваа и пратениците од Левица, Сашко Јанчев и Реџеп Исмаил, заедно со активисти од локалните ограноци од овој регион. Во непосредна близина на селото Самуилово започната е изградба на топилница за алуминиум, која без дилема ќе ги загадува …
Continue Reading
Средба меѓу Гаши и хрватската амбасадорка Тигањ: Треба да делуваме како Европејци пред да бидеме дел од ЕУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска. Беше изразено задоволство од средбата меѓу претставници на две пријaтелски и блиски држави, кои немаат меѓусебни отворени прашања. Гаши искажа голема благодарност за континураната поддршка што Хрватска ја дава на европската перспектива на нашата земја. Реформскиот пат на земјата продолжува, вклучително и усогласувањето со европското законодавство. …
Continue Reading
Меџити се сретна со Гир: Нашиот пат кон евроинтеграциите и чесно и правично владеење е јасно зацртан
Првиот заменик претсeдател на Владата и истовремено министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, го пречека амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир. На средбата што се одржа во просториите на МЖСПП се разговараше за повеќе актуелни теми како што се бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, уставните измени и владеењето на правото. Стана збор и за општата стабилност и …
Continue Reading
Демократски сојуз: Времето на уцени од Радев заврши
Демократскиот сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија или неспроведување на Договорот за добрососедство и Преговарачката рамка. „Бугарите во Македонија ги уживаат сите права како и другите етнички заедници, а Македонците во Бугарија немаат право ни на формирање на здруженија за …
Continue Reading
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство
Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, но пред се жестока борба против криминалот и корупцијата. Ова на денешното официјално примопредавање на функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство го истакна …
Continue Reading
Мисајловски на средба со амбасадорот на Обединетото Кралство
Министерот за одбрана Владо Мисајловски се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковник Едвард Џон Грин. Мисајловски искажа благодарност за досегашната континуирана поддршка за развој на македонските одбранбените капацитети, обуките и школувањата во високите одбранбени установи во Обединетото Кралство за припадниците на Армијата, донациите во опрема и поддршката во однос на обуката за нашата …
Continue Reading
Вреди: На ДУИ им се плаче што ги губат привилегиите и се под закана од ревизија на нивното работење
Лицемерието на Ахмети и Села нема граници. Преку ден нивниот директор на ФЗО во заминување со насмевка ги пречека и се фотографираше со новите директори, а попладне на опозициската ДУИ им текна наводно да се загрижи за меѓуетничката хармонија и Охридскиот рамковен договор, велат од коалицијата Вреди. Со други зборови, како што велат од Вреди, им се плаче што ги …
Continue Reading
Бугарија не асимилира само Македонци во Албанија, туку и други граѓани, тоа треба посериозно да се анализира, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за се’ што се случува со Бугарија виновна е Владата на СДСМ и ДУИ, која оставила празен простор за бугарската пропаганда Прашан за коментар за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на пишувањето на Македонците како бугарско малцинство, Мицкоски уверува дека Владата има сериозна намера да се грижи за македонското население секаде низ светот и …
Continue Reading
Средба Тошковски- Гир: продолжува поддршката на ЕУ во реформите и јакнење на капацитетите на македонската полиција
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. Тошковски на средбата ја изрази својата благодарност за поддршката и соработката за време на техничката влада и за континуираната поддршка што нашата земја, но и МВР, ја добиваат во насока …
Continue Reading