Веќе е готов нов закон со кој се предвидува не само етничка туку и полова и секаква застапеност во институциите, уверува Таравари

Со нов закон ќе се гарантира етничка, полова и застапеност во институциите на сите категории луѓе што живеат во државата, рече денес министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашното укинување на балансерот за вработување во јавните институции. Тој нагласи дека Уставниот суд одлучил на површина да извади проблеми кои стојат со години во судот во првите сто дена од Владата, …

Continue Reading

СДСМ бара оставка од Сања Божиновска по серијата скандали

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара оставка од министерката Сања Божиновска поради, како што појаснуваат, серијата скандали и лажните изјави во јавноста за нејзиното бугарско државјанство. „Божиновска го излажа народот, прикривајќи информации за своето бугарско државјанство. Иако тврдеше дека се откажала од пасошот и бугарското државјанство јавноста од бугарските медиуми дозна дека не само што не се откажала туку дека и …

Continue Reading

СДС од ден на ден тоне во своите лаги, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека државната комисија за спречување корупција пресече и докажа дека СДС води ниска и бедна кампања. „Вистината која ја докажа ДКСК не може да ги надохнади нервозите и стресовите кои СДС ги нанесе и тоа, ни помалку ни повеќе, на дете. СДС ниту ќе се засрамат, ниту ќе се извинат, затоа што тие ништо друго не знаат …

Continue Reading

Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 – 2027

Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, информира МИнистерството за надворешни работи. Поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права …

Continue Reading

Стоилковиќ- Рокас: изразена поддршка кон реформските процеси во делот на заштитата на правата на етничките заедници

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците,Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во РС Македонија, Михалис Рокас. На средбата стана збор за клучните прашања, приоритети, но и идните планови на Министерството за односи меѓу заедниците, како и соработката со ЕУ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава. „Како Министерство ни значи соработката …

Continue Reading

СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО. „СДС знаат колку ја ограбиле државата и народот и затоа ја напаѓаат Божиновска, мислејќи дека така никогаш нема да се дознае. СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони …

Continue Reading

Вазалитетот на албанските партии во Владата ги поттикна судиите да го укинат Балансерот, според Алијанса за Албанците

Одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот е само потврда за антиалбанската политика на нелегитимната Влада, велат од Алијанса за Албанците. Според нив, со таквата одлука се докажува и покорноста и сервилноста на албанските партии во Владата кон ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ кои уште од првите денови на Владата, како што велат, почнаа со реализација на проектот за деалбанизација …

Continue Reading

АД ЕСМ: СДСМ е главен виновник за катастрофалните состојби во енергетиката

Најмалку што е потребно во моментов е СДСМ да ја коментира енергетската состојба во земјава, реагираат од ЕСМ. „Дереџето во кое се наоѓа севкупниот енергетски систем денеска, вклучувајќи ги актуелните состојби во РЕК Битола се резултат токму на работењето на нивните менаџерски кадри поставени од претходните влади на СДСМ. Тие немале умешност, ниту одговорност за одржување на производните капацитети. Наспроти …

Continue Reading

Костадиновски по укинувањето на балансерот: Ако јас како мнозинство добијам 100 поени, а вие како малцинство 40 и вие ја добиете предноста, дали ќе имаме стручен јавен сектор

Со мнозинство гласови денес Уставниот суд укина делови од одредбите одредби на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Методологијата за планирање на вработувањата на јавниот сектор, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас, Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавен сектор кои ги содржат зборовите „припадност на заедница,, како спротивни на Уставот. Претседателот …

Continue Reading