„Мали Заев призна дека Владата на ДУИ и СДС ја презадолжиле државата, каматната стапка на унгарските пари е дупло помала од таа на еврообврзницата која тие ја обезбедија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Минатата година владата на СДС и ДУИ обезбеди евро обврзница од 500 милиони евра со каматна стапка од 7%. Парите обезбедени од Унгарија се со каматна стапка од 3.25% или повеќе од половина помалку од таа обезбедена од Владата на СДС и ДУИ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Година и пол по еврообврзницата на СДС, државата нема ништо направено, …

Continue Reading

Мицкоски на повеќе билатерални средби во Вашингтон: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија и соработка

На маргините на НАТО Самитот во Вашингтон претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби и разговори. Мицкоски се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент Џон Бас. Соговорниците разговараа за стратешките интереси на државата, за македонските напори кои се насочени кон исполнување на истите, како и за интеграцијата и напредокот на …

Continue Reading

СДСМ: Кредитот кој во четири очи Мицкоски го договорил со Орбан не е никаков поволен ниту потребен финансиски инструмент

„ВМРО-ДПМНЕ ја носи Македонија во долгогодишно политичко и финансиско заложништво на друга држава. Кредитот кој во четири очи кој Мицкоски го договорил со Орбан не е никаков поволен ниту потребен финансиски инструмент. Тој е политичка одлука која е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ. „Со овој кредит, долгот на државата ќе отиде над 65% што е спротивно на мастришките …

Continue Reading

„Филипче нема морална одговорност, остана во политика и покрај што во негов мандат живи изгореа 14 луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче нема морална одговорност, остана во политика и покрај што во негов мандат живи изгореа 14 луѓе. Венко Филипче е фолирант исто како Зоран Заев, првин поднесе фингирана оставка, за потоа повторно да остане министер. Се повлече со Заев, за потоа повторно да се врати како претседател на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во секоја друга демократска држава, по таква трагедија …

Continue Reading

Муцунски на НАТО Самитот: Како кредибилна НАТО членка остануваме посветени на зајакнувањето на колективната безбедност

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на НАТО Самитот, што се одржа од 9-ти до 11-ти јули, во Вашингтон. Во фокусот на темите беа актуелните безбедносни предизвици, со посебен акцент на поддршката за Украина, зајакнувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата, како и унапредување на соработката со …

Continue Reading

Зградата на МНР осветлена во сино, по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО

Зградата на МНР вчера и денес е осветлена во сино по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на Алијансата, како и одржувањето на НАТО Самитот во Вашингтон. „Република Северна Македонија е кредибилен НАТО сојузник со активен придонес во зајакнувањето на колективната безбедност и зачувувањето на трансатлантската стабилност. Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана …

Continue Reading

ДУИ: Поддржуваме и бараме итно и целосно затворање на казината и обложувалниците

Една од програмските определби на Демократската унија за интеграција е целосно затворање на сите објекти за организација на игри на среќа, казина и обложувалници во земјата, велат од оваа партија. Потсетуваат, дека во минатиот мандат ДУИ и Владата предложија закон, кој беше поддржан и од здружението за анти коцкање, за оддалечување на казината и обложувалници на минимум 500 метри од …

Continue Reading

Пола милијарда кредит во четири очи, дали е ова цената на чувањето на Груевски на безбедно, прашуваат од СДСМ

Конечно се отворија картите и стана јасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го криеја изворот на парите за ново огромно задолжување. Конечно е јасно зошто Мицкоски и неговите соработници секој викенд беа во Будимпешта на консултации кај азилантот Груевски. Специјалната економска соработка со Унгарија е во насока на презадолжување и политичко заложништво на нашата држава кон друга држава, велат од СДСМ. …

Continue Reading

ЗНАМ има само епизодна улога во политиката, велат од СДСМ

ЗНАМ живее во сопствена илузија дека е голем политички фактор, а всушност има само епизодна улога на колаборант за носење на Мицкоски и ДПМНЕ на власт, велат од СДСМ. „Дрско манипулираа со асномската идеологија за евтиното ветување дека Максим Димитриевски ќе добие уште еден градоначалнички мандат во Куманово. Се уште не разбираат дека се целосно невидливи. Нивните министри се уште …

Continue Reading