(Видео) Условите се европски: Мицкоски се возеше во Градскиот воз
Премиерот на владата Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките пртрпијатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, утрово, придружувани од медиуми, со Градскиот воз тргнаа од железничката станица во Зелениково кон Скопје. Како што оцени, една година е прилично брз период за да се реализира овој проект. „Можам од лично искуство да кажам дека условите …
Continue Reading
ЛДП: Срамен, скандалозен и без ронка емпатија настап на министерката за образование пред првачињата!
„Да им порачаш на шестгодишни првачиња „да си побараат братче или сестриче за да се отвореле затворените училишта“ значи или дека воопшто не размислуваш пред да им се обратиш на децата, или дека си толку занесен од функцијата што веќе не ти е грижа за нивната емоционална состојба“, велат од ЛДП. „Дали министерката помисли на децата чии родители се разведени? …
Continue Reading
(Видео) „Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години“, вели Кузеска
„Се потврди тоа што СДСМ го говори последните три месеци – пари во буџетот нема. Мицкоски повторно ја задолжува Македонија. Ново задолжување од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница. Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од …
Continue Reading
(Видео) Лефков: Талогот на СДС и Филипче за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД
„Венко Филипче кој има главна улога во талогот на општеството заедно со неговото раководство во СДС ширејќи лаги и хистерија во јавноста за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД кои се стратешки партнер на Македонија“, кажа Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „И во САД има обиди за креирање на јавно мислење …
Continue Reading
Патриотите од ДПМНЕ ветуваа дека ќе го вратат името, а под нивна власт, македонскиот народ исчезна и остана само „народот на Северна Македонија“, велат од Левица
Ќе остане запаметено дека токму во времето на ДПМНЕ, партијата која со години ги делеше Македонците на „патриоти“ и „предавници“, која организираше протести, маршеви и кампањи против Преспанскиот договор и која на изборите ветуваше дека ќе го врати името, македонскиот народ исчезна од официјален меѓународен договор и стана „народ на Северна Македонија“, истакнуваат од Левица. Оваа нова формулација на нашиот …
Continue Reading
СДСМ: Македонија губи првачиња, младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“
Оваа 2026 година е најлошата година за македонското образование од независноста до денеска. Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, се затвораат 26 подрачни училишта, велат од СДСМ. Според нив, никогаш сликата на почетокот на учебната година не била потажна. „Дебалк на криминалните политики на Мицкоски. Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја …
Continue Reading
„Јаневска им вели на шестгодишни деца да бараат братче и сестриче за да ја решат демографската криза во која ДПМНЕ ја доведе Македонија“, велат од Левица
„ДПМНЕ деновиве сè погласно зборува за „демографската катастрофа“, наталитетот и „погрешните вредности“ на младите. Причината е едноставна – бројките веќе не можат да се сокријат. На почетокот на новата учебна година Македонија има околу 3.000 првачиња помалку од минатата година, а десетици училишта остануваат без ученици. Додека државата буквално се празни пред нивни очи, ДПМНЕ панично бара некого врз кого …
Continue Reading
(Видео) Давчева: Кумашинки, партиски донатори и неуспешни кандидати за пратеници – ДПМНЕ ти претвора управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во партиски плен
На седницата на Советот на Град Скопје, советничката од Левица, Милица Давчева, реагираше на предлогот за избор на членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, посочувајќи дека зад декларативните заложби за стручност и професионалност се крие уште една поделба на јавните функции меѓу партиски кадри, донатори и блиски лица до власта. „Кога ќе ги отворите нивните биографии, целата …
Continue Reading
„Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„СДС хистерична само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД. Тоа се гледа во нивното делување, лажењето, заплашувањето и хистерија која ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата центри и да се развива ИТ индустријата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Изговорите …
Continue Reading