Демократски сојуз: Партијата Левица ја копира Златна Зора
Демократскиот сојуз е автентична политичка партија, препознатлива по своите принципиелни политички ставови. Демократскиот сојуз е партија која повеќе од 20 години ги брани и афирмира националните и државните интереси на Македонија, како и интересите на граѓаните. Ние сме иницијатори и носители на проекти и закони за борба против криминалот, велат од Демократскиот сојуз откако политичката партија Левица претходно искоментира дека …
Continue Reading
Кузеска: Директорот на МЕПСО е прв братучед на Изет Меџити, згрижени се и синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Бетмен
Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но се роднински поврзани со луѓе од Владата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Прв и најскандалозен избор е изборот на синот екс претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, за член на надзорниот одбор на МЕПСО. Тој е дипломиран политиколог …
Continue Reading
Минчев за балансерот: Каков било коментар од колегите од ВРЕДИ е беспредметен, мора да ги почитуваме законите
Не стивнуваат јавните реакции на коалициските партнери во Владата Движење за Македонија ЗНАМ и ВРЕДИ за новиот балансер за вработување во јавната администрација кој ги исклучи од пресметките иселениците и ги намали процентите за застапеност на етничките заедници. Денес министерот за јавна администрација одговори на вчерашните забелешки од ВРЕДИ кои порачаа дека антиалбанската доктрина нема да ја направи ЗНАМ голема …
Continue Reading
(Видео) Митева: Ограбена држава – потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон
Нов метод како СДС и ДУИ ја направија Македoнија ограбена држава – потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. „За жестоко и помпезно најавуваната инвестиција, за која се носеше и посебен закон за финансиска поддршка на македонското стопанство, СДС и ДУИ потрошиле 100 …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Поради целосно потфрлање со пожарите, Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи
Состојбата со пожарите низ Македонија е алармантна и загрижувачка. Изгорени се над 130 километри квадратни, активни се уште многу пожари и зафатена е огромна површина од над 20.000 хектари, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Оценува дека владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со огнената стихија. Граѓаните од терен посочуваат дека пожарникарите навреме делуваат и …
Continue Reading
САД ќе бидат многу активни во разговорите меѓу Скопје и Софија штом Бугарија има постабилна влада, вели Џејмс О`Брајан
САД се очекува да бидат многу активни во разговорите за точниот начин на спроведување на договорот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија има постабилна влада. Помошник – државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан, на сослушување за иднината на Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, рече дека Северна Македонија страда поради несогласувањата со соседите, …
Continue Reading
Кујтим Ибиши на чело на дирекцијата за финансиско разузнавање, „Вреди“ најавува бескомпромисна борба против корупцијата
Борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна, велат од коалицијата „Вреди“ (Влен), објавувајќи дека за првпат во историјата на нашата земја, клучна институција за борба против корупцијата, Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе биде водена од албански кадар. Кујтим Ибиши, кој ќе застане на чело на оваа институција, „Вреди“ го опишува како човек со чиста биографија и без никаква корупциска дамка, уверена дека …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт отпишала 14 милиони евра побарувања на МЕПСО кон неколку фирми трговци со струја
Кој од врвот на СДСМ и ДУИ подели 14 милиони евра со фирмите чии долгови ги отпиша МЕПСО, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Од тука велат дека СДСМ и ДУИ го искористиле енергетскиот сектор за лично богатење. „Од Вице и Зоран Заев, преку Венко Филипче и брат му, до внуците на Ахмети и синот на Муса Џафери во изминативе 7 години …
Continue Reading
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби аманадманот за поддршка на инвестиции со што удри по домашните компании
Денеска на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието владејачкото мнозинство го отфрли амандманот на ребалансот на Буџетот на пратеничката група на СДСМ, со кој се бараше двојно зголемување на финансиските средства од околу 17 милиони на 34 милион евра за поддршка на инвестициите по Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ). „Со оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ директно го загрозува подмирувањето …
Continue Reading