Муцунски се сретна со украинската амбасадорка: Поддршката за Украина ќе продолжи и во иднина
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир. На средбата министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката за Украина која ќе продолжи и во иднина, додавајќи дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени за натамошна силна политичка и практична помош за Украина додека земјата продолжува да ја брани својата независност, како и …
Continue Reading
Мисајловски: Благодарност за помошта која Романија ни ја пружи во справувањето со пожарите
Министерот Владо Мисајловски се сретна со амбасадорката на Романија, Н.Е. Моника Аксинте и со одбранбеното аташе, полковникот Каталин-Петре Арчип, во Министерството за одбрана, на која беше потврдена успешната соработка помеѓу двете сојузнички земји. Министерот Мисајловски упати благодарност за помошта која Романија ни ја пружи во справувањето со пожарите со упатување на два специјални авиони и тимови за гаснење пожар. За …
Continue Reading
Левица: Дпмне-Знам-Вреди не гласаа за законот за забрана за градење на опожарени подрачја
ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН не гласаа за измените на Законот за заштита на шумите предложени од Левица. Законот за забрана за градење на опожарени подрачја не помина, велат од Левица. -Со измените се предвидуваше 50 години забрана за урбанизација, изградба на објекти, изградба на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на земјиште зафатено од пожар. Целта ни беше законски да ги …
Continue Reading
ДУИ: Путинистот Стоилковиќ од моноетничката влада го намали буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор
„Демократската унија за интеграција смета дека е навредлив фактот што потврдениот путинист, непризнавачот на независноста на Република Косово, Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува. Како последица на тоа, буџетот за потпишување на Охридскиот договор е намален со одлука на моноетничката влада и амин на рако-бакнувачитр вазали кои …
Continue Reading
Распуштањето на Судскиот совет е мерка од која не се откажуваме, вели Стојаноски
Нема повеќе обвинители и судии кои се на услуга на бизнис криминалните елити, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е планот на ВМРО-ДПМНЕ со 40-те препораки од Оценската мисија на ЕУ за реформи во Судскиот совет, дали ќе се имплементираат сега или ќе се чека евентуално распуштање на Советот? Тој продолжи и …
Continue Reading
Стојаноски: Филипче да каже дали 3.5 милиони евра од тендерите на Марковски компани преку фирмите блиски до Заеви ќе завршат во СДС
6 милиони евра во неколку тендери поделило раководството на РЕК Битола и ЕСМ од СДС за 10 дена на Марковски компани, тврди Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите тендери кои ги добиле Марковски компани се за ремонтни работи, т.е. ангажман на специјализирана работна рака. Како што веќе објавивме, цените за час работа се за 150% поскапи од лани. Договорите се …
Continue Reading
СДСМ: Предложениот ребаланс на буџетот е катастрофално лош, на штета на работниците и економијата
Предложениот ребаланс на Буџетот е катастрофално лош, велат од СДСМ. „Со ребаланстот нема пари за раст на платите во ниту еден сектор. Нема пари за покачување на минималната плата, за работниците, нема пари ниту за пожарникарите, војниците, полицајците, образованието. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја суспендираат политиката на постојано покачување на платите која функционираше со години наназад. Наместо политики за подобрување на …
Continue Reading
Мицкоски: Зголемен прометот од патарините кои завршуваат во буџетот, градиме градинки, училишта, инвестираме во болници
„Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани“, …
Continue Reading
„Криминалците од ДУИ ќе одговараат, затоа се нервозни“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Криминалците од ДУИ ќе одговараат, затоа се нервозни, а згора на тоа знаат дека веќе не можат да прават што сакаат. Во ДУИ се на чисто дека ќе треба да се понесе кривична одговорност за се што правеле изминативе години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нервозата е уште поголема заради неможноста да прават што сакаат, а тоа ги открија во вчерашното соопштение …
Continue Reading