Коалиција Вреди: Придобивките од Охридскиот договор се посилни од обидите за негова приватизација

Денот на одбележувањето на Охридскиот Рамковен Договор конечно ја доби својата вистинска и институционална форма. Овој историски момент, кој претставува најголемо достигнување на албанскиот народ во Северна Македонија, конечно е ослободен од канџите на поединци кои со години го користеа за исполнување на своите лични желби и за присвојување на богатството на народот, велат од коалиција Вреди. „ДУИ, со својата …

Continue Reading

„О2 Иницијатива“ бара Сиљановска да не го потпише указот за измените на Законот за урбанистичко планирање

Собранието на пленарна седница со 64 гласа „за“ и 11 „против“ ги донесе измените на Законот за урбанистичко планирање, во скратена постапка, предложени од министерот за транспорт Александар Николоски. Од „Иницијативата О2“ гласно реагираа против продолжување на можноста деталните урбанистички планови да се прават по стариот закон, со застарени податоци и во нетранспарентна процедура. „Бараме согласно вашите законски надлежности како …

Continue Reading

Николоски: Измените на Законот за урбанистичко планирање беше неопходно да се донесат сега за да може да се префрлаат ветените средства на општините со цел тие да реализираат проекти.

Министерот за транспорт, Александар Николоски попладнево гостуваше на Вести плус, на телевизија Канал 5. Министерот се осврна на актуелниот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање при што ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. „Во законот велиме дека за објекти кои …

Continue Reading

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја труе јавноста дека го напаѓа ДУИ, додека во позадина одлично им функционира коалицијата

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја труе јавноста со прес конференции на кои наводно го напаѓа ДУИ, додека во позадина одлично им функционира коалицијата. Денес сме сведоци дека ВМРО-ДПМНЕ го реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ, формирано е тело за следење на правичната застапеност, велат од СДСМ. „Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска заедно изгласаа Одлука за основа на Комисија на Собранието …

Continue Reading

​Потпишан меморандум за соработка помеѓу Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и Претседателот на ЗЕЛС, денес потпишаа меморандум за соработка и разбирање. Документот, кои единиците на локална самоуправа чекаа да се потпише 21 година, ги дефинира формите и начините на идната соработка и ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во Република Македонија. -Од името на ЗЕЛС и сите единици …

Continue Reading

Мицкоски: Ниту сум се откажал, ниту пак ќе се откажам од реформи во правосудството

„Не сум се откажал, нити ќе се откажам се додека правосудството кај граѓаните ужива доверба од 2 проценти, се ќе направам, буквално се ќе направам што е во моја моќ да тие 2 проценти бидат барем во една година 12. Се ќе направам. Но тоа што е наш одговор во тој документ којшто вие го кажувате е одговор врз основа …

Continue Reading

Владата го укина зголемувањето на нотарските тарифи

Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа. Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 06 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните.

Continue Reading

Продолжена кризната состојба во државата заради состојбата со пожарите

Владата денеска ја одржа редовната седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите. Разгледувајќи ги извештаите од Центарот за управување со кризи, Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на ДЗС за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите.   …

Continue Reading

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор

„Тоа е актуелно деновиве во јавноста и знаеме дека таа битка ќе биде многу жестока бидејќи дуо полот кој што во моментот е на пазарот кај нас грчевито ќе се обиде да ја задржи оваа ситуација на дуопол и тоа ни е јасно. Но наш интерес е стандардот на граѓаните и свесни сме дека услугите кои што ги плаќаат граѓаните …

Continue Reading