Трипуновски: Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, кои што претходната власт не ги исплати

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Свети Николе му порача на Љупчо Николовски реално да гледа на бројките во ребалансот на буџетот. „Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, оние субвенции кои што тие како тогашна власт требаше да ги исплатат на земјоделците“, истакна министерот. Трипуновски додаде дека да работеше претходната власт …

Continue Reading

Мицкоски: Укинувањето на Балансерот не е иницијатива на политичка партија, туку доаѓа од ЕУ

Нашиот став, не е став на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кога ќе го отворите скрининг извештајот ќе видите дека тоа е став на Европската Унија, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ се откажа во Собранието од Балансерот. Мицкоски потенцираше дека Балансерот изминатиот период бил злоупотребуван посебно во декларирањето во етничката припадност на граѓаните. …

Continue Reading

Трипуновски: Склучени 967 договори со површина од 2.700 ха

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Свети Николе додели 84 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 250 ха. Со овој настан се означија успешно завршени 4 (четири) Јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. По овие повици …

Continue Reading

ДУИ: Моноетничката влада по налог на Вучиќ апси поранешни војници на ОВК

Демократската унија за интеграција изразува длабоко разочарување од крајно тенденциозната и повторена акција на институциите во земјата кон поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по наредба на српската влада и е уапсен во Скопје, велат од ДУИ. „Губитниците на изборите, рако-бакнувачите вазали во моноетничката власт, кои го немаат легитимитетот на албанските гласачи, но се претпочитани …

Continue Reading

Мицкоски: Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови, набавките нема да се преку привилегирани семејни веледрогерии, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Со тоа, рече Мицкоски, осигурениците ќе заштедат до два милиона евра. Премиерот очекува дека во иднина уште повеќе ќе се проширува позитивната листа на лекови и дека истите нема да се набавуваат преку привилегирани семејни веледрогерии. „Ја поздравувам, …

Continue Reading

Средба на претседателот Гаши со амбасадорот Јаќимовиќ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ. Двајцата соговорници беа едногласни дека станува збор за две пријателски земји, кои немаат меѓусебни отворени прашања. Народите се слични, со иста култура и обичаи, кои живеат во мултиетнички општества. Она на што треба да биде фокусот во следниот период е уште поголемо зближување на граѓаните, …

Continue Reading

Лефков: Наќе Георгиев, близок до Заев призна поткуп, земал пари за да ублажи казна

Правдата доаѓа. Потврден е поткуп во случајот со Врховниот судија и поранешен член на судскиот совет Наќе Георгиев од Струмица, близок човек на Зоран Заев, менторот на Венко Филипче, изјави пратеникот од ВМРП-ДПМНЕ, Миле Лефков. „Наќе Георгиев преку спогодба со Јавен обвинител признал дека направил криминал. Георгиев признал дека земал поткуп од 10.000 евра за да издејствува поблага затворска казна …

Continue Reading

Шекеринска е кандидатка за заменик-генерална секретарка на НАТО, пишува „Политико“

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска е кандидатка за заменик-генерална секретарка на НАТО, објави „Политико“. Реномираниот медиум од свои извори дознава дека постои согласност помеѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на новиот шеф на Алијансата, Марк Руте. Покрај Шекеринска, кандидатка за оваа позиција е и поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел. Ако биде избрана, Шекеринска …

Continue Reading

Мицкоски: Царинската управа е значаен сегмент и столб за стабилноста на државата во борбата против криминалот и корупцијата

Царинската управа е значаен сегмент и многу важен столб за стабилноста и борбата против криминалот, корупцијата и недозволената трговија. И затоа, ќе ја имаат мојата поддршка, но очекувам исклучително сериозни резултати. Ако некој мисли дека ќе биде како досега, сериозно се лаже. Тоа треба сите да го знаат. И тоа важи за сите службеници на Царинската управа, било да се …

Continue Reading