ЛДП: За 48 часа собрани над 10.000 потписи за итно воведување електронски нараквици

За само два дена, повеќе од 10.000 граѓанки и граѓани ја потпишаа петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство, соопштија од партијата. Според ЛДП, оваа масовна поддршка е директна порака за власта и за сите оние кои со месеци барале празни изговори, правдајќи ја својата незаинтересираност со некакви „недоработени решенија“ и „подетални …

Continue Reading

Алијанса за Албанците: Правосудниот испит во целост да се полага на албански јазик

Од Алијансата за Албанците велат дека се разочарани од начинот на кој се третира барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик. „По неколкумесечни ветувања и заложби од страна на ВЛЕН за решавање на овој проблем, решение кое ќе биде во согласност со барањата на студентите, денес премиерот Мицкоски соопшти дека практичниот дел од испитот, во …

Continue Reading

ДОМ: По олеснувањата за дата-центрите, Владата предлага и неискусни да заверуваат проекти

Во јуни годинава, Владата ги протурка законските измени со кои дата-центрите (Г4.7) беа класифицирани како градби од прва категорија, со што надлежноста за нивно одобрување се префрли на централно ниво. Истовремено, со измените на Законот за урбанистичко планирање значително се скратија роковите за нивно урбанистичко планирање: јавната презентација е ограничена на најмногу 10 дена, а јавниот повик може да биде …

Continue Reading

„Нема да подлегнеме на притисоци“ – ЗНАМ не го менува ставот за правосудниот испит, Димитриевски бара лидерска

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува на ставот дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, оценувајќи дека во моментов не постои уставна и законска основа за негово полагање на албански јазик. Од партијата во соопштение наведуваат дека почитувањето на Уставот и законите е нивен принципиелен став од кој нема да отстапат, без оглед на политичките притисоци. …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски да каже која банка ќе ја преземе „Алта банка“

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до својот новац за храна, пензионерите за лекови …

Continue Reading

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, кажа дека како редовен универзитетски професор бил непријатно изненаден и шокиран. „Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев. 110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра, истакна …

Continue Reading

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не е предмет на политичко пазарење, никој нема право да го прогласува албанскиот јазик за неважечки во институциите

Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции на Северна Македонија, реагираат од ДУИ. Од партијата оценуваат дека сè почесто, раководителите на институциите ја преземаат улогата на судии, бескрупулозно прекршувајќи го законот и одлучувајќи според сопствената волја дали албанскиот јазик треба да се користи во службената комуникација. „Последната пријава за вакво постапување доаѓа од …

Continue Reading

СДСМ најавува кривични пријави: „Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка“

СДСМ побара од Јавното обвинителство и јавниот обвинител Ненад Савески веднаш да ги испитаат околностите за влезот на „Алта банка“ во Македонија, најавувајќи кривични пријави доколку не биде преземена постапка. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција изнесе тврдења дека во Србија на банката ѝ е одземена дозволата, отворена е стечајна постапка, а нејзиниот сопственик Давор Мацура е уапсен …

Continue Reading