Марковска Илиевска со порака до Арсовска: Не може да не се почитуваат закони и да не се реализираат програмите
„Уште на првата седница кога разговаравме за извештаите, укажав на дел суштински, а не само технички грешки. Еден час да немате реализирано вие програма, да немате формирано во дел од училиштата ученички заедници, да имате најавено активности, а да не ги реализирате тоа е нефункционална ученичка заедница“, јасно истакна советничката на ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска на денешната седница за советнички …
Continue Reading
Новиот Централен одбор на СДСМ вечерва ќе ги избира членовите на раководството
Новиот Централен одбор (ЦО) на СДСМ вечерва ќе ја одржи својата прва седница на која се очекува да бидат назначени и останатите партиски органи. Централниот одбор беше избран викендов, а го сочинуваат 115 членови, за кои претседателот на партијата, Венко Филипче, рече дека се поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и ќе работат …
Continue Reading
Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември
Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од 2.000 денари во март следната година. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека сака минималната плата да се зголеми на 600 евра, но треба договор и законски измени и за барањето на Синдикатот минималната плата да биде 450 евра. „Ако …
Continue Reading
Филков: Комората на вештаци стана функционална
Министерот за правда, Игор Филков, и претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар на денешната прес конференција соопштија дека со запишувањето на Комората на вештаци во Централен регистар се означува почетокот на една нова реформа во правосудниот систем. „Една од моите први задачи кога стапив на функцијата ,министер за правда, беше Комората на вештаци да ја направиме да биде функционална. …
Continue Reading
Муцунски се заблагодари за недвосмислената поддршка на Чешка за евроинтегративниот процес на нашата земја
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари средба со делегација од Комисијата за надворешни работи во чешкиот Парламент, предводена од заменик претседателот на Комисијата, Радек Водрачек. На средбата, беше изразено задоволство од напредокот на македонско-чешките односи и уверување дека заедничкиот ангажман ќе придонесе кон нивно натамошно унапредување и искористување на потенцијалот за соработка во сите области. …
Continue Reading
Tаравари колабирал и бил пренесен во болница
Министерот за здравство, Арбен Таравари, објави дека колабирал и завршил во болница, откако вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев удар. Таравари утрово раскажа дека му се случил ненадеен колапс и итно бил пренесен во болница. „Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се’ уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството, ќе ги чекаме одговорите на …
Continue Reading
СДСМ реагира: Администрација е претворена во акционерско друштво за вработување на партиските кадри
Изјавите на Мицкоски за деполитизирана и професионална администрација се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација, реагира СДСМ на изјавите на премиерот за јавната администрација. Од опозициската партија велат …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски: Потребна е јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност
„Денес зборуваме за една важна тема, која со годините многу малку била предмет на темелно студиозна анализа, ниту пак била предмет на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките кои треба да се превземат за поголем квалитет на услугите коишто ги добиваме од администрацијата. Но и иновациите како важен предизвик на тој план“, кажа премиерот Христијан Мицкоски. „Ова …
Continue Reading
ВЛЕН јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски
„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да го прикрие она што не може да го прикрие со изговори и алиби. Се обидува да се дистанцира, но неговите вистини излегуваат на виделина!“, велат од ВЛЕН. „Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти! Ова …
Continue Reading