Филипче: Струмица ќе има најголем пазар во државата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Струмица присуствуваше на поставување камен темелник на новиот пазар во Струмица кој ќе биде најголем пазар во државата. Пазарот ќе се протега на површина од 42.000м2 и е еден од многуте проекти на градоначалникот Костадин Костадинов и општината. Филипче истакна дека ваквите проекти го зголемуваат квалитетот на целокупното живеење во една општина. „Камен-темелникот …

Continue Reading

Дел од трошоците се да обезбедам основни услови на службено патување после лет на кој авио компанијата ми го изгуби багажот: Костадиновска – Стојчевска за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

Жалам што мојот две годишен мандат ВМРО ДПМНЕ се обидува да го извалка со лаги, вели пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска. „Еве ја вистината: Дел од трошоците кои ги презентираа се однесуваат на нужност да обезбедам основни услови за мое нормално функционирање на службено патување после лет на кој авио компанијата ми го изгуби багажот. И да, купив нови …

Continue Reading

Мицкоски: Мајка Тереза е нишката која ги поврзува сите кои живееле на овие простори, да го следиме нејзиниот пример на хуманост и добрина

Премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 114 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, кажа дека таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние кои помошта им е потребна. „Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот …

Continue Reading

ДУИ: Тетово и Гостивар тонат во долгови, додека Касами и Таравари се длабоко во улогата на слуги на ВМРО

За жалење е состојбата во општините Гостивар и Тетово, со кои раководат Арбен Таравари и Билал Касами, кои се меѓу општините кои лошо се менаџираат и се во долгови. Со долг од десетици милиони евра прво на листата е Јавното претпријатие за општински дејности Гостивар, а потоа општина Гостивар која 7 години по ред продолжува да оди се подлабоко во …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Колешката на Филипче, Бисера Антаонета трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, ташна за миленичиња, денес ги објавуваме сметките

Аздисност е збор кој го опишува карактерот на лицата кои беа дел од владејачката структура на СДС и ДУИ. Меѓу нив е и Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешната министерка за култура или Бисера Антоанета, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За почеток само, Бисера Антоанета за едно патување во Лондон во октомври 2023 година троши повеќе од 700 фунти за лични потреби. За време …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска ја објави трансакциската сметка како доказ дека пазарела со свои, а не со народни пари

Додека народот чека ВМРО-ДПМНЕ да почне нешто да работи како власт и да ги исполни изборните ветувања, тие снимаат прес-конференции на кои со драматично изнесување на лаги сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт, реагира поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на обвинувањата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ за трошење на народни пари при посета …

Continue Reading

Лефков: Со народни пари Костадиновска-Стојчевска купувала чорапи, хулахопки, плишани мечиња, топки и куфери

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за трошење на народни пари при посета во Лондон. „Денес почнуваме со обелоденување на скандалот “Бисера Антоанета”, серијал на прес конференции низ кои ќе презентираме во каква аздисаност и раскош живеела и министерувала Бисера Костадиновска Стојчевска, пардон Бисера Антоанета министер за култура од СДС. На почеток сакаме …

Continue Reading

Вреди: Го поддржуваме барањето за повисоки казни за случајот „Ласкарци“

Коалицијата Вреди ја поздравува доцната, но неопходна одлука на скопското обвинителство за поднесување жалба против неприфатливо ниската и скандалозна казна изречена за случајот Ласкарци. „Ние силно ја поддржуваме барањето за построги казни за сите други одговорни лица инволвирани во ова трагедија. Овој страшен настан, кој се обиде да се релативизира и минимизира од претходниот режим со корумпираните кадри на ДУИ, …

Continue Reading

Николова: СДСМ ги зголеми платите во обрзованието, а ВМРО-ДПМНЕ ги изневери наставниците

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери наставниците и тие нема да добијат зголемување на платите за 12% во месец септември, изјави денес на прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ. „Министерката Весна Јаневска неколку пати соопшти дека Владата не може да обезбеди пари за зголемување на платите на наставниците. Владата со неоправдани и нерационални образложенија избегнува да ја реализира оваа обврска кон просветните работници. …

Continue Reading