ВРЕДИ: СДСМ и ДУИ се браќа во нивните заблуди

СДСМ и ДУИ се браќа во нивните заблуди. Едните веруваат дека имаат монопол за евроатлантската агенда, другите дека имаат монопол на стратешкото партнерство со САД. Ни едното, ни другото не е точно. СДСМ до вчера тврдеше дека за новата Влада не е приоритет ЕУ за да сега не обвинува дека сме ја прифатиле “нивната” реформска агенда. Сега што е точно, …

Continue Reading

Интересно е како мече и топка и се службена потреба на Бисера Антоанета, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од СДС немаат ни срам ни перде. Фатената во лаги Бисера Антоанета прво негираше, а потоа призна дека купувала чорапи, хулахопки, мечиња, топки и куфер. Е сега каква врска имаат со службени потреби тоа само таа си знае?, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Интересно е како мече и топка и се службена потреба на Бисера Антоанета, која ни помалку ни повеќе потрошила …

Continue Reading

Левица: Тони Коњановски учесник во најголемиот урбанистички криминал во историјата на Битола

На 43-тата Седница на Советот на Општина Битола, беше изгласан најголемиот криминал во историјата на Општина Битола, велат од Левица. „Комисијата која била составена по избор на Тони Коњановски истата е против законски оформена со тоа што мнозинство во таа комисија имале надворешни соработници. Истата таа комисија дозволи оттуѓување на општински имот без јавно наддавање во интерес на приватно лице. …

Continue Reading

Тошковски на трибина за унапредување на правата на полициските службеници и можна злоупотреба и губење на истите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на МВР, во организација на Македонскиот полициски синдикат учествуваше на трибина „Злоупотреба-закана за губење на права“ каде заедно синдикатите, раководството на МВР и полициските службеници разговараа на тема за унапредување на правата на полициските службеници дефинирани во колективниот договор, но и губење на истите при нивна злоупотреба. Дел од …

Continue Reading

Гаши: Гордо и радо ќе ја почитувам одлуката на мнозинството, интерпелацијата е прва точка на дневен ред во вторник

Претседателот на Собранието Африм Гаши е уверен дека мнозинството во Собранието во вторник, кога ќе биде на дневен ред неговата интерпелација ќе донесе праведна одлука. Тој и денес повтори дека со инцидентот на аеродромот, кој е причина за интерпелацијата поднесена од политичката партија Левица, сакал да спречи поголем инцидент. „Како што јавноста знае поднесена е интерпелација, веднаш на првата седница …

Continue Reading

Меџити: Европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата

Првиот вицепремиер на Владата и министер за Животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше на Конференцијата на амбасадори во Тирана, организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, на која беа присутни албанските политичари од земјите на регионот. За време на панелот на тема „Албанскиот простор во геополитиката на регионот“, првиот вицепремиер Меџити ги сподели своите …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Реформската агенда за периодот 2024-2027 година е резултат на нашите посветени напори да го унапредиме економскиот раст и стабилноста на државата

„Владата е целосно посветена на реализација на нашата стратешка цел за интеграција во Европската Унија. Во овој процес, не само што ја гледаме иднината на нашата држава како полноправна членка на Унијата, туку и како модерна, економски стабилна и просперитетна држава која ги исполнува највисоките европски стандарди“, рече премиерот Христијан Мицкоски. „Нашата визија за модерна и Македонија е повторно твоја, …

Continue Reading

„Ќе побара ли Мицкоски одговорност од било кого или ќе мјаука и понатаму“, прашуваат од СДСМ

„Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска призна дека свадбарите со приватни возила на граничниот премин Блаце поминале без контрола од страна на полицијата и потврди дека одговорноста за тоа е кај Тошковски, кој е на чело на МВР“, соопшти СДСМ. „Гаши ги потврди сите информации коишто ги објави СДСМ за пропустите и злоупотребите на граничниот премин Блаце и ја лоцираше …

Continue Reading

„Од СДС нека не измислуваат топла вода, нека и кажат на Бисера Антоанета дека треба да одговара за трошење пари на граѓаните за приватни цели“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС на изборите го допре дното. Граѓаните јасно им кажаа не на 8 мај. Сега наместо да измислуваат топла вода нека се погледнат себе си. За почеток нека и кажат на бисера Антоанета дека треба да одговара за трошење народни пари“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска. „Бисера Антоанета трошела пари на граѓаните за приватни цели, таа купувала куфери, …

Continue Reading