(Фото) Министерот Андоновски на Богослужба и собир со македонската заедница во Словенија
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска присуствуваше на свечената Богослужба во македонската црква „Св.Климент Охридски“ во Љубљана, каде заедно со македонските иселеници го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица и го истакна значењето на православната вера. Министерот Андоновски, исто така зеде учество на Богородичниот собир во организација на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ, каде имаше …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Пари во буџетот има, Владата не сака да ги покачи платите
Претседателот Венко Филипче денес ја обвини Владата дека нема интерес да ги зголеми платите во образованието и бара оправдувања за тоа со обвинување дека нема доволно пари во буџетот. Тој рече дека ако СДСМ во време на најголемите кризи обезбедувал средства за покачување на плати, тоа може да го направи и Владата, но тоа не и е приоритет. „Во интерес …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Ако Мицкоски не ги сподели со ОЈО информациите за понуденото мито, тој е соучесник
Претседателот на СДСМ одговараше на новинарски прашања на поврзани со изјавата на Мицкоски дека му било понудено мито за Коридорот 8. Претседателот Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој е НАТО коридор и од стратешко значење на за државата. Тој рече дека зачудува што за наводното мито понудено на …
Continue Reading
Јаневска: Со навремено испорачани учебници и подобро организирана настава започнува новата учебна година
За првпат по седум години, учебната година започнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. Обезбедени се 10тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование кои досега не биле испечатени. Наставата нема да трае подолго од 10 јуни и нема да има пролетен распуст. Едносменска настава се воведува во 140 училишта, а како поддршка …
Continue Reading
Левица ги повика партиите да гласаат за интерпелацијата на Гаши, Вреди оцени дека ова е обид за дестабилизација
На два дена пред собраниската седница на која ќе се најде Интерпелацијата за спикерот Гаши, СДС и ЗНАМ сѐ уште се немаат произнесено по истата. Намерата на ДПМНЕ да гласаат против Интерпелацијата и нивниот наратив дека „Гаши е подобар од Џафери“, ги цениме како крајно очајни, велат од Левица. „Повторно им предочуваме дека на Македонското собрание и на Македонија не …
Continue Reading
(Видео) Лефков: Бисера со службена картичка купила авионски билети за Лондон, но не заминала и парите пропаднале
Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон, рече денеска на прес-конференција Миле Лефков, пратеник, член на …
Continue Reading
Министерот Тошковски на Џорџ Маршал безбедносниот форум во Охрид: Безбедносните предизвици ги надминуваме во соработка со нашите партнери
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска учествуваше на традиционалниот „Охридски безбедносен форум“ во организација на дипломираните студенти на Маршаловиот центар за безбедносни студии, а во соработка со Европскиот центар за безбедносни студии и амбасадите на САД и СР Германија. Министерот Тошковски во обраќањето истакна дека заедничките евроатлански вредности се основен двигател на земјите од Западен Балкан во надминување на …
Continue Reading
Левица: Владата со нови 65 милиони евра задолжување – јавните финансии неодржливи
Министерството за финансии преку две аукции на државни записи и обврзници, закажани за 3 септември, планира да се задолжи за вкупен износ од четири милијарди денари или 65 милиони евра. На аукцијата ќе бидат понудени 15 годишни државни обврзници во износ од 24,3 милиони евра со каматна стапка од 5,6%. На втората аукција ќе бидат понудени едногодишни државни записи во …
Continue Reading
Утре СДСМ ќе организира собир на наставници и просветни работници пред МОН
Пред самиот почеток на учебната година, јасно е дека Мицкоски и Јаневска немаат концепт ниту јасен план за развој и подобрување на образованието, рече денеска на прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ. „Целосно го погазија ветувањето за зголемување на платите на наставниците. Секојдневно слушаме некакви изговори, а вистината е дека власта на ДПМНЕ не сака да ги зголеми платите за …
Continue Reading