Деспотовски: Германската инвестиција не е на ниту една партија, туку на сите граѓани на Македонија

„Внимателно ја следам дискусијата и изјавите во јавноста поврзани со новата германска инвестиција во Македонија. Две работи за денес: прво, инвестицијата не е ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ туку на сите граѓани на Македонија.“, вели Деспотовски, и додава: „Второ, во однос на соопштението кое е напишано од моменталната раководна структура на СДСМ. Не може да се бориме со …

Continue Reading

Цветков: Ако не гласаат ЗА интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги погази сите ветувања за одговорност

Пратеникот на СДСМ Борче Цветков од говорницата на денешната собраниска седница истакна дека пратениците на СДСМ и колаицијата ќе гласаат за интерпелацијата на собраниискиот спикер Арфим Гаши, од едноставна причина што сегашната власт пред избори ветуваше дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност, доколку работи спротивно на правилата и законите. -За само два месеци се случија …

Continue Reading

Ивица Боцевски ќе биде специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија

Владата денеска ја одржа 17тата седницаm и ги донесе следните кадровски решенија: Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија. Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем. Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – …

Continue Reading

(Видео) Бочварски: Со штитењето на Гаши паднаа во вода ветувањата на ВМРО ДПМНЕ дека никој нема да биде над законот

За само два месеци, се случија серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а никој не одговара. Со штитењето на Африм Гаши, паднаа во вода ветувањата на ВМРО ДПМНЕ дека никој нема да биде над законот, рече пратеникот на СДСМ Благој Бочварски, на денешната собраниската седница за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Првиот тежок безбедносен инцидент, се случи …

Continue Reading

Мисајловски на 25-годишнината на SEEBRIG: Соочувајќи се со најразлични безбедносни предизвици имаме мотив да ги јакнеме одбранбените капацитети

Денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово се одржа свеченост по повод одбележување на 25 – годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, еден од најзначајните проекти на Иницијативата за соработка на министрите за одбрана на Југоисточна Европа – SEDM. На свеченоста се обрати министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој изрази благодарност до Командантот SEEBRIG и до …

Continue Reading

СДСМ: Брука, германската инвестиција беше целосно договорена и потпишана од Битиќи

Според СДСМ, стануваат смешни и очајни обидите на Христијан Мицкоски да се накити со туѓи перја за секоја инвестција која е договрена од СДСМ. Германската компанија, односно инвестицијаta за производство на литиумски батерии како што појаснуваат од оваа партија, беше договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи. „Потпишувањето на овој значаен договор се …

Continue Reading

Николовски на средбата со СБ: Посветени сме на испорачување највисок степен на квалитет во имплементација на стратешките проекти за олеснување и забрзување на трговијата

Подобрување на условите за водење бизнис преку испорачување на највисок степен на квалитет во имплементација на клучните проекти што ги спроведува Царинската управа со финансиски средства од Светска банка. Ова беше клучната порака на директорот Бобан Николовски на денешниот состанок со тимот на Мисијата на Светска банка за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан. На состанокот …

Continue Reading

(Видео) Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата од најмалку три причини

„Мачно и очајничко беше чувството да се гледа сервилноста на СДС кон поголемиот во суштина партнер во владејачката коалиција ДУИ секогаш кога тие ќе направеа одреден фаул и нивното бранење безочно јавноста добро го знае и се сеќава. Ова е интерпелација која што нема никаква допирна точка со реалноста и прекршувањето на собраниските процедури. Очајнички коалициски производ на новата коалиција …

Continue Reading

(Видео) Талески: Власта на ВМРО – ДПМНЕ има катастрофален почеток, ги боли неуспехот

ВМРО – ДПМНЕ имаат катастрофален почеток откако се на власт и тоа се случува во секој во секој сегмент од функционирањето на животот на граѓаните. Буквално, сè што фатија во овие неполни два месеци направија пепел и пустош и ги излажаа граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниската седница за интерепелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. …

Continue Reading