Муртезани се сретна со Герт Јан Копман: во фокусот на дискусијата повеќе теми

Во рамките на вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, се сретна и со Герт Јан Копман, Генерален директор на Директоратот за соседска политика и преговори за проширување (ДГ НЕАР) на Европската комисија. Во фокусот на дискусиите беа повеќе теми: завршувањето на скрининг процесот и следните чекори за отворање на Кластерот 1, Планот за …

Continue Reading

Јаневска: Дуалното образование е успешен концепт кој го смени мислењето на младите за средните стручни училишта

Дуалното образование е успешен концепт кој го промени ставот на младите за средните стручни училишта. Неколку години дава одлични резултати, кои немаше да бидат постигнати без поддршката која ја добиваме од Швајцарската амбасада, но и од бизнис заедницата која ја реализира практичната настава за учениците. Овој образовен модел ќе продолжи да се имплементира и надградува, а наскоро и системски ќе …

Continue Reading

Силно партнерство и нови можности: Премиерот Мицкоски и турскиот министер Фидан ја зајакнуваат економската и политичката соработка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На средбата се разговараше за долгогодишното пријателство помеѓу двете држави, за актуелната политичка и економска состојба, како и за напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија. Премиерот Мицкоски истакна дека економската и политичката соработка помеѓу двете држави …

Continue Reading

Гаши-Фидан: Северна Македонија и Турција негуваат силно традиционално партнерство и пријателство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го прими министерот за надворешни работина Република Туркије, Хакан Фидан, кој престојува во посета на Северна Македонија. На средбата присуствуваа и генералната секретарка, Марина Димовска, и членови од Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со турскиот Парламент, чиј претседател е пратеникот Бејџан Иљас. Гаши притоа истакна дека Северна Македонија и Турција негуваат …

Continue Reading

Муцунски разочаран: Еден од претседателите на историските комисии делува политички, кадровските промени се потребни

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, се’ уште се консултираат за кадровските промени во составот на историските комисии со Бугарија и со Грција, а во следните недели ќе биде донесена конечна одлука која ќе биде објавена на владина седница. Министерот Муцунски одговарајќи на новинарски прашања, најави дека ќе има промени, но и одреден континуитет и на двете комисии. …

Continue Reading

И јас не се согласувам со Северна, ама ги почитувам Уставот и законите, рече Мицкоски коментирајќи го законот за јазиците

Очекувам секој што добива плата, ужива привилегии на грбот на граѓаните тука кај нас, да ги почитува македонските закони и Уставот како што тоа го правам јас. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за Законот за јазици кој е пред Уставниот суд. Премиерот рече дека и нему му се проблематични некои работи што се направени со Уставот …

Continue Reading

СДСМ: Со стари лаги ДПМНЕ сака да го орцни Филипче за да ги покрие бројните скандали на Власта

ВМРО-ДПМНЕ нема да може со стари истрошени лаги да ги прикрива катастрофалните политики и скандалите кои секојдневно ја тресат Владата на Мицкоски. Тоа што од белиот дворец ја праќаат Митева да зборува за некоја фирма која никогаш не била активна и нема никакви трансакции, кажува колку е очајна оваа пропаганда на лаги од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Венко Филипче има се пријавено …

Continue Reading

Дурмиши: Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Министерството за економија и труд ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на …

Continue Reading

Потребна е мобилизација во ЈСП, а не кредит за набавка на автобуси што ќе стигнат в година, вели Мицкоски

Планот ‘гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина’, нема да го реши проблемот со ЈСП, смета премиерот Христијан Мицкоски. Прашан од новинарите зошто тие како Влада не набават нови автобуси, со оглед на расправиите кои ги имаат со градоначалничката Данела Арсовска, Мицкоски одговори дека тој не се кара со никого, а проблемот се решава со …

Continue Reading