Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас. Во поздравното обраќање на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката порача дека и по повеќе од три децении од нашето осамостојување, стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен двигател и значаен фактор на кохезија …

Continue Reading

(Видео) Гаши се сретна со новиот амбасадор на Франција: ставен акцент на можностите за понатамошно продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји

Претседателот на Собранието Африм Гаши го прими новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, посакувајќи му добредојде и успешен мандат во земјава. Акцент на средбата беше ставен на можностите за понатамошно продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји, на улогата на Северна Македонија како партнер во НАТО, како и на евроинтеграцијата на земјава. Претседателот Гаши истакнувајќи ја заложбата на …

Continue Reading

Николоски: Главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на попристапен авиопревоз, објавен јавниот повик за финансиска поддршка за нови дестинации

Министерството за транспорт го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “ Во рамки на тригодишната програма за оваа намена се обезбедени средства во износ од 360 милиони денари. Еден …

Continue Reading

ВЛЕН: Кадрите на Зиадин Села и Али Ахмети фатени во криминал со коцкарници

„Кога лажните моралисти се обидуваат да продаваат чесност, им паѓаат маските! Додека пратениците на Зиадин Села се гласни во Собранието за наводна дислокација на казината, во Боговиње, на дело е фатен и уапсен шефот на нивниот тамошен огранок, Сафет Мифтари, воедно и заменик директор на Македонски шуми“, велат од ВЛЕН. „Ова е невиден скандал, висок функционер на Европски Фронт, организира …

Continue Reading

Митева до Кузеска: Дали компанија од Македонија блиска до семејството на експретседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма во сопственост на експремиер и претседател на СДС?

„Жалам што Кузеска и СДС се служат со невистини и манипулации обидувајќи се дека така преку креирање лаги ќе ја сокријат вистината за што ние веќе неколку дена објавуваме факти и аргументи, а одговори од страна на СДС, Венко Филипче и Кузеска нема“, истакна портпаролката, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање на денешната …

Continue Reading

Перински по повод Меѓународниот ден на донаторството: Општините да станат партнери на СОС „Детското село“ за поголема инклузија на децата без родителска грижа

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, по повод 5.септември, Меѓународниот ден на донаторството, го посети СОС Детското село, кое под мотото „Ниедно дете не треба да расте само“, веќе 20 години обезбедува грижа и поддршка на децата без родителска грижа и на оние кои се изложени на ризик да ја загубат грижата од своите семејства. На неформалната средба, министерот со …

Continue Reading

Костадиновски- Дрекслер: Германија преку проекти ја продолжува соработката со Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијата Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Петра Дрекслер. На средбата беше изразено взаемно задоволство од досегашната соработка со германската амбасада, преку проектите со кои се промовира унапредување на слободите и правата на граѓаните и зајакнување на владеењето на правото. Костадиновски најави дека ќе се залага …

Continue Reading

Цените се значително намалени, набавката на училишниот прибор сега е поекономична за македонските семејства, оценува Мицкоски

Најновите мерки на Владата ги даваат своите резултати, набавката на училишниот прибор сега е поекономична за македонските семејства, пишува на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. „Цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште. Семејствата, пак, ги чувствуваат позитивните ефекти бидејќи со намалените цени се овозможува повеќе …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде завршуваат парите од семејните шеми

Започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Денес ќе дознае јавноста, зошто ДПМНЕ и Мицкоски всушност ширеле лаги за претседателот Венко Филипче, тоа било единствено за една цел, за да ги покријат фамилијарните бизниси на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Во следните денови јавноста ќе ја дознае вистината за тоа кој …

Continue Reading