Муцунски за шпанската агенција ЕФЕ: Интеграцијата во ЕУ е главниот надворешно-политички приоритет и клучен национален интерес

Во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборуваше за прашања поврзани со евроинтегративниот процес, осудувајќи ја „неправедната билатерализација“ и двојните стандарди кои станаа дел од процесот на пристапување во Европската Унија. Муцунски потсети дека нашата земја има направено „повеќе од која било друга“ за пристапување кон Унијата, а блокадите од нашите …

Continue Reading

Тошковски: Заштита и подигнувањето на достоинството на полицискиот службеник е пат до професионална полиција

Денеска, во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги отвори 22-те по ред Синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат, на кои присуствуваат претседателот на МПС Зоран Кузмановски, претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас, директори на агенции и институции, професори и вработени во МВР. Синдикалните игри се традиционален меѓународен спортски синдикален настан, на кој …

Continue Reading

(Видео) Силјановска: Да сум апсолутен монарх можам да кажам ќе го сменам Уставот, јас не можам да ја суспендирам парламентарната демократија

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не зависи од мене. Да бев апсолутен монарх, би рекла дека би го сменила Уставот. Пратениците ги претставуваат граѓаните кои гласаат по свое уверување. Не можам да ја суспендирам парламентарната демократија. Ние разговаравме за сите прашање. Ние не може да донесеме решение кое ќе го наметнеме“. Ова го изјави претседателката на Република …

Continue Reading

„Мицкоски повторно колечни пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители“, велат од СДСМ

„Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа расправа за овој закон во рок од 24 часа, обврската е на Африм Гаши да го направи тоа“, велат од СДСМ. „Како што Гаши ја закажа за денеска седницата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со задолжувањето од …

Continue Reading

Муртезани – Ибрахимовиќ: Зајакнување на билатералните односи и соработка во контекст на ЕУ интеграциите

Во рамки на работната посета на Црна Гора, министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, имаше средба и со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ. Акцентот на разговорите беше ставен на продлабочувањето на билатералните односи, регионалната соработка и заедничките аспирации на двете земји за членство во Европската Унија. Министрите Муртезани и Ибрахимовиќ ја потврдија цврстата …

Continue Reading

Меџити со унгарскиот амбасадор Клеин: двете влади тесно соработуваат во насока на забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари работна средба унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин. Меџити ја поздрави сеопфатната поддршка што Унгарија и ја дава на Северна Македонија, како на билатерален план, така и во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија. Двајцата соговорници се согласија дека двете влади тесно соработуваат во насока …

Continue Reading

Кадрите на Села и Ахмети печалеле од бизниси со коцкарници, обвини „Вреди“ и најави дека ќе обелодени повеќе случаи на корупција

Коалицијата „Вреди“ соопшти дека стартува со серија прес-конференции со кои на јавноста ќе и предочат информации за  политичка корупција, во режија на истакнати кадри на Европскиот Фронт на чело со Али Ахмети и Зијадин Села. Од коалицијата посочија дека станува збор за сериозни скандали, кои меѓу другото ќе покажат со кои методи за остварување политичко влијание се служеле ДУИ и …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Дон Николовски толерирал нерегуларности на фирми блиски до СДС, без основа се исплаќани илјадници евра за субвенции

Љупчо Дон Николовски толерирал лица блиски до власта на СДС со огромни количини земја под закуп во нивните нерегуларности и со години дозволил штета врз буџетот. Фирмата ДЗС Илинден на која и бил раскинат договорот за закуп на околу 1000 хектари земја со години земала субвенции, иако земјиштето веќе не било под нејзин закуп, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, …

Continue Reading

Стојаноски: Пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, пропаднати се сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции на приватниот сектор. „СДСМ во текот на изминатите денови покажа недржавничко однесување обидувајки се да спречи изградба на нови градинки, училишта, игралишта, катни гаражи, улици и други бројни инфраструктурни проекти. Проектот за …

Continue Reading