(Видео) „Дали МЕПСО постапувал согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како донација на студио за танц има импакт врз јавноста“, прашува Митева
„Донациите и спонзорствата на АД МЕПСО се сомнителни по неколку параметри. Прво, согласно планот и анализата предвиден за 2024 година биле предвидени 12.300.000 денари, а од страна на раководството биле потрошени 22.712.500 денари. И второ, согласно членот 11 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности каде се утврдува дека преку целта на донација треба да се утврди, оствари, …
Continue Reading
Мицкоски: Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со реконструкцијата на државниот студентскиот дом „Стив Наумов“ изјави: „Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри. 18 милиони евра ќе бидат вложени за двата студентски дома во …
Continue Reading
Мицкоски: Многу набрзо од денеска започнува изградбата на спортската сала во Воената академија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека многу набрзо од денес започнува изградбата на спортската сала во Воената академија. „Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија ќе отпочне реализацијата и на таа спортска сала, набргу. Тоа е еден од оние проекти коишто се дел од капиталните инвестиции, ние мораме …
Continue Reading
Мицкоски од Аеродром: Доградбата на ООУ „Блаже Конески“ од 200.000.000 денари ќе овозможи децата да се образуваат во современи услови
„Денеска сме овде во Општина Аеродром да означиме почеток на уште еден проект којшто значи пред сѐ за жителите во Општина Аеродром. 200 милиони денари е навистина огромна капитална инвестиција со којашто ќе се овозможи да децата се образуваат и да го стекнуваат своето знаење во услови коишто ќе бидат современи, би рекол европски. Како Влада ќе продолжиме и во …
Continue Reading
За четири месеци во Клиничкиот центар ќе се прават и потешките операции, Таравари го потпиша договорот за нова компресорска станица
Почна да тече рокот за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар која ќе овозможи хируршките сали да работат во полн капацитет. Министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека го потпишал договорот со компанијата „Винора“, единствената која се пријави на повторениот оглас. „Компанијата е сериозна, професионална за оваа работа и се надевам дека, според нив, за четири месеци …
Continue Reading
СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука, мора законски да одговара
Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука, велат од СДСМ. „На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше. По налог на Рамука слободно, без …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното
Наместо АД МЕПСО да го одржува стабилен енергетскиот систем и да нема покачување на цената на струјата, недомаќински ги трошело народните пари за донации. Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното. Последен во низата скандали беше отпишување на долгот во висина од 14 милиони евра, а долгот го отпиша претходното раководство. Долгот беше отпишан затоа што должник е синот на Муса …
Continue Reading
Средба на министерот Муцунски со државната министерка за Европа и клима го германското МНР, Лирман
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман. Двајцата соговорници го истакнаа задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена на посети на високо и највисоко ниво во изминатите …
Continue Reading
Министерството за одбрана: Кујната не е затворена, АХВ изрече мерка на компанијата која ја приготвува храната за Министерството и Армијата
Министерството за одбрана упатува демант во однос на пласираната информацијата дека Кујната на Воената академија е затворена од страна на Агенцијата за храна и ветерина. „Ве информираме дека по направениот вонреден хигиенски епидемиолошки надзор од страна на надлежните институции, Агенцијата за храна и ветерина излезе со соопштение во кое јасно е наведено дека во Касарната Гоце Делчев каде е лоцирана …
Continue Reading