(Видео) Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија, и систем на бескомпромисна борба против корупцијата
Премиерот Христијан Мицкоски во својство на Претседател на Националниот совет за развој ја отвори втората седница на Националниот совет за развој. „Овој совет е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 …
Continue Reading
Средба Гаши – Спиропали: Северна Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали. Претседателот Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува искреното пријателство и соработка што постои меѓу две земји во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. Двете земји на меѓународен план имаат исти цели и интереси, а тоа е членството во …
Continue Reading
Ахмети се сретна со Спиропали: Заедно во Европа
Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали. „Со Спиропали разговаравме за прашањата поврзани со членството на нашите две земји во Европската Унија, пат што го поминавме заедно и имаме многу предизвици пред нас. На Спиропали и ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките …
Continue Reading
Љутков во Загреб на средба со колегата Главина: Драгоцено ни е споделувањето на хрватското искуство во туризмот
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Загреб оствари билатерална средба со министерот за туризам и спорт на Хрватска, Тончи Главина, со што ја започна дводневната работна посета на Хрватска. На средбата, која помина во пријателска и конструктивна атмосфера, беа разменети мислења за развојот на туризмот и унапредување на соработката меѓу двете држави. Министерот Љутков ја истакна одличната соработка меѓу двете пријателски држави, …
Continue Reading
(Видео) „Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени, за потоа да бара средства за четворица“, вели Јаревски
„Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеци откако Пендаровски замина oд функцијата, тој побарал покрај 3те редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на 4-то лице“, вели Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Сумата која Пендаровски ја барал за ангажирање на 4тото лице е …
Continue Reading
(Видео) Сиљановска Давкова по повод 23 септември упати честитка на знаковен јазик
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик. Претседателката Сиљановска Давкова честитката ја упати преку видео порака на знаковен јазик.
Continue Reading
Таравари во официјална посета на САД
Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, е во официјална посета на Соединетите Американски Држави. Претседателот Арбен Таравари ќе присуствува на идниот самит на Генералното собрание на ОН, „Мултилатерални решенија за подобро утре“ во Њујорк, на кој ќе присуствуваат лидери од целиот свет. Се очекува Таравари да има и многубројни средби во Њујорк и Вашингтон со …
Continue Reading
СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски
Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување, велат од СДСМ преку соопштение. „Намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните. Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија. Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во …
Continue Reading
Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото
На маргините на 79-то Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“. Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, …
Continue Reading