ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

„Дали ја гледате логиката или живееме во некој надреален, паралелен свет? Во истите овие денови, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, се соочува со судови и притвор за потрошени 8,3 милиони евра дивиденда, додека новата Влада гордо организира прес-конференција за да се пофали како потрошила 5,5 милиони евра од истата таа дивиденда! Како е можно ова да се случува …

Continue Reading

„Советот на Општина Кисела Вода не смее да биде сцена за политички театар и лични пресметки“, велат од СДСМ Кисела Вода

„Вчерашната седница на Советот на Општина Кисела Вода уште еднаш покажа колку далеку може да отиде политичката неодговорност кога личните и партиските интереси ќе станат поважни од интересот на граѓаните. На седница со обемен дневен ред и точки од суштинско значење за секојдневното функционирање на општината, наместо сериозна, аргументирана и конструктивна дебата, сите бевме сведоци на жестока расправија, меѓусебни обвинувања, …

Continue Reading

„Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари“, бара СДСМ

„Уште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже. Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари“, велат од СДСМ. „Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот …

Continue Reading

„Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Очигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија. Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата. Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и СДС со денови ја …

Continue Reading

„Врховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека нема ништо незаконски за прославата на 35 години

По обелоденување на сите информации за проектот за прослава на 35 години независност и согледување на фактите дека нема ништо спорно и ништо незаконски, СДС, Венко Филипче и нивните контролирани пера треба да ѝ се извинат на јавноста што ја лажеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „После сè, на површина излезе тоа дека Венко Филипче и СДС се и против независноста и …

Continue Reading

Државната лотарија е на граѓаните, не е партиска каса на Мицкоски, вели Филипче

Државната лотарија е на граѓаните и не смее да се претвора во партиска каса на Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со проневерените и нетранспарентно потрошени 5 милиони евра за организација на прославата на независноста. Филипче посочи дека станува збор за пари со кои располага компанија која што е во целосна државна сопственост, што значи дека тоа …

Continue Reading

СДСМ: Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“ – Митева го демантираше арамијата Мицкоски

„Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес конференција ја демантираше лагата на арамијата Христијан Мицкоски за „нула денари“. Митева го потврди претседателот на СДСМ, Венко Филипче во целот. Прославата за независноста чинела 5.5 милиони евра“, велат од СДСМ. „Триста милиони денари биле од дивидендата на „Лотарија“, која е во државна сопственост. Од „нула денари“ до „5,5 милиони евра“! Да …

Continue Reading

„Не било од левиот, туку од десниот џеб на народот!“: ЛДП го „демаскира признанието за 5,5 милиони евра потрошени народни пари!“

„Болно понижување на интелигенцијата на македонските граѓани беше денешната прес-конференција на Владата. Да им тврдиш на луѓето дека 5,5 милиони евра се „нула денари трошок“ затоа што парите биле земени од дивидендата на Државна лотарија, е навреда за здравиот разум. Парите на државна компанија и нејзината дивиденда се 100% народни пари! Тоа ќе ви го каже и некој со чист …

Continue Reading