Мицкоски од Криволак: Продолжуваме со инвестирање на модерна опрема за Армијата
„Армијата е нешто што кај мене има посебна почит како припадник на истата 2003-2004 година во делот од македонската гарда, можев да научам многу работи коишто можеби за жал, дел од помладите генерации не можат да ги видат, кога не сте дел од Армијата, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Криволак. -Но, тоа е што е, таков е животот. Мене тој …
Continue Reading
Лефков: Владата на СДС и ДУИ работела незаконски и криминално, Љупчо Дон Николовски го партизирал министерството, ова ова го кажува и Државниот завод за ревизија
Владата на СДС и ДУИ во целост работела незаконски и криминално. Ова не го кажува само ВМРО-ДПМНЕ ова го кажува и Државниот завод за ревизија, и тоа во извештај изготвен во време на СДС и ДУИ, а по кој ЈО не постапило, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Извештајот од Ревизијата на ДЗР …
Continue Reading
Мисајловски за враќањето на воениот рок: Лично мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, но засега како Влада тоа не го дискутираме
Министерот за одбрана Владо Мисајловски одговарајќи на прашањето за враќање на воениот рок истакна дека мора да се разгледаат сите аспекти. Пред да влеземе во оваа идеја, треба да има една широка дискусија, рече тој. „Но, засега како Влада тоа не го дискутираме. Ако ме прашувате лично мене, јас мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата“, …
Continue Reading
(Видео) Николовски: За 100 дена Влада нула мерки и закочени субвенции
За 100 дена, Владата на Христијан Мицкоски и коалицијата, не презентираше ниту една конкретна мерка за поддршка на земјоделството. За 100 дена видовме само тотална безидејност, непрофесионалност и незаинтересираност за секторот. Ресорниот министер е претворен во партиски мегафон. Се занимава со реваншизам кон вработените и секојднево пласира лаги за да ја задскире својата неспособност, истакна Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ. …
Continue Reading
Има интерес од доктори кои работат во приватните, да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари
Има интерес од доктори кои работат во приватни клиники да се вратат во државните, истакна на денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада министерот за здравство Арбен Таравари. „Имаше забрана од Влада од јули или авуст 2022 година да не можат да се вработат од приватните и да преминат во јавните здравствени установи. Пред три недели помина на Влада да …
Continue Reading
Кочо Анѓушев беше ставен на „црна листа“ по иницијативите за соработка меѓу ВМРО и СДСМ, вели Села за „Фокус“
-
Mark
-
October 4, 2024
-
Вести, Политика
-
0 Comments
Пратеникот од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори. Во интервју за неделникот „Фокус“, Села истакна дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, …
Continue Reading
Џафери пред Уставен суд по иницијатива по иницијатива на Апасиев
-
Mark
-
October 3, 2024
-
Опозиција, Политика
-
0 Comments
⚖️ Во Уставниот суд денес се одржа јавната расправа по Барањето за заштита од дискриминација по основ политичка припадност, поднесено од претседателот на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев. На расправата беа присутни подносителот на иницијативата и поранешниот претседател на Собранието – Талат Џафери. 📢 Апликантот Апасиев наведува дека е дискриминиран по основ на политичка припадност како првопотпишан граѓанин …
Continue Reading
Меџити-Вал: заедничка цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска беше домаќин на работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килиан Вал. Меџити и Вал разговараа за можностите за соработка во континуирано партнерство со цел унапредување на приоритетните реформи во согласност со заложбите на ОБСЕ. Двајцата соговорници се согласија дека имаат за …
Continue Reading
Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор
„Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални. „Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат …
Continue Reading