Мисајловски-Рокас: со поддршката од ЕУ се зајакнуваат и капацитетите на државата и нашиот придонес кон глобалниот мир и безбедност

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со новиот евроамбасадор Михалис Рокас. Мисајловски и евроамбасадорот Рокас разговараа за интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на ЕУ, како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ. Мисајловски му посака успешна дипломатска мисија и упати благодарност до Европската Унија за последниот пакет …

Continue Reading

Арбен бегај, ослободи ги Албанците и сите други, не ги носи на душа, велат од ДУИ за смртта на 14-месечното дете

Од почетокот на работата на оваа Влада, ние како ДУИ ги искажавме нашите забелешки и загрижености во однос на планот за работа на здравствениот систем во државата од страна на министерот за здравство, Арбен Таравари, велат од ДУИ. Според оваа партија, 14 месечното бебе починало, бидејќи не добило соодветен третман од надлежната институција, поточно Детската клиника во Скопје, чиј директор …

Continue Reading

Попов: Поддршка до 30 илјади евра за младите да отворат свој бизнис и 250 евра ваучер за студентите за купување електронски уред

Поминаа 100 дена од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Период доволен за една внатрешна ретроспектива и ревизија на расипничкото работење во изминатите 7 години, но и пресвртен момент во кој правиме значаен чекор кон испорачување на светла иднина за сите, истакна Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Младите луѓе, како што рече, во првите 100 дена увидоа …

Continue Reading

Курти примен како обичен гостин, а Вучевиќ со највисоки почести, братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада, велат од Алијанса за Албанците

Според Алијанса за Албанците, моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. „Обидот да се прикрие скандалот со претседателката на Косово, Вјоса Османи преку приемот на премиерот Албин Курти денеска докажа дека и приемот на Курти бил понижувачки за Косово во однос на приемот што денеска му го приреди на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ. …

Continue Reading

Тошковски – Ле Риголер: унапредувањето на полициската соработка е од големо значење за стабилноста на нашата земја и на регионот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковки денеска оствари работна посета со новоназначениот амбасадор на Република Франција, Кристоф Ле Риголер. На средбата фокусот на разговор беше ставен на заедничката соработка врз веќе прифатени и договорени проекти најчесто во форма на стручни и тематски обуки со цел унапредување на капацитетите на министерството од областа на борбата против наркотици, организиран криминал, мигрантски текови, …

Continue Reading

Со инвестиција од 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало со Бугарија

Со инвестиција од вкупно 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Струмјани-Берово (Клепало) со Република Бугарија. За овој проект се обезбедени 3,1 милиони евра грант од ИПА 3 Програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, а 551.548 евра се национално ко-финансирање. Денеска во Берово, се одржа настан за одбележување на почетокот на проектот …

Continue Reading

Дурмиши: Работиме на нови иницијативи со кои ќе ја подобруваме и зголемуваме вработеноста и ќе овозможиме социјална инклузија на пазарот на трудот

„Денес успешно завршуваме проект чиј главен фокус беше решавањето на едни од најголемите предизвици со кои се соочуваме како општество – долгорочната невработеност и зависноста од гарантираната минимална помош, кажа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во обраќањето на завршниот настан од реализација на тригодишниот ИПА проект „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ во организација на Агенцијата …

Continue Reading

Најдоцна во јануари Јаневска ќе го распише тендерот од половина милијарда денари за учебници по странски јазици

По најавата дека учебници по странски јазици ќе има за сите ученицни, но од следната учебна година, министерката за образование Весна Јаневска денес извести дека најдоцна на почетокот на следната година ќе го распише тендерот за нивна набавка. Јаневска денес, давајќи отчет за првите 100 дена од новата Влада, рече дека е задоволно од сработеното и најави дека ќе продолжи …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски-Вучевиќ: Во овие турбулентни времиња, неопходно е да бидеме заедно

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Средбата како што вели била израз на заедничката желба за подобра иднина и зацврстување на врските помеѓу нашите две земји. „Во срцето на нашите разговори беше разбирањето дека споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на …

Continue Reading