Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените немаат ефект, велат од СДСМ
Министерката за финансии, Димитриевска Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените на производите немаат никаков ефект. И моментално состојбата во маркетите потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи, истакнуваат од СДСМ. „Добро е што Димитриевска јавно кажа дека не се согласува со овие мерки …
Continue Reading
Али Ахмети се сретна со амбасадорот на Косово: Укинувањето на „Балансерот“ е во функција на дневна политика на Владата со моноетнички легитимитет
Денеска во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот Али Ахмети оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово, г. Флоријан Ќехаја. Претседателот Ахмети и амбасадорот Ќехаја разговараа за политичките случувања во земјата и регионот, евроинтеграциите, Охридскиот договор и билатералните односи меѓу Скопје и Приштина. Ахмети истакна дека одлуката на Уставниот суд е во функција на дневната политика …
Continue Reading
Лога: Уставениот суд во два случаи ja наруши правната сигурност на уставниот поредок, ова е форма на „државен удар“
Како поранешен министер за правда, морам да кажам дека Уставниот суд, во два случаи во период од една година, ја наруши правната сигурност на уставниот поредок во Република Северна Македонија. Ова може да се смета за дејство со сериозни последици за правната држава, можеби дури и како форма на „државен удар“. Задачата на Уставниот суд е да ја оценува усогласеноста …
Continue Reading
Лефков: ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок
ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок. Наодот на ДКСК дека синот на Претседателот Мицкоски не бил во САД на трошок на државата ги извади на површина сите плитки обиди на СДС да креираат лажна фама, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Што добија …
Continue Reading
Јаневска: Потребно ни е стручно образование во функција на стопанството
Ако не креираме стручно образование по мерка на бизнис заедницата, тогаш сме ја промашиле целта. Нам ни е потребен образовен систем кој ќе биде во функција на задоволување на потребите на општеството, на економијата и индустријата. И затоа, ја јакнеме врската со компаниите, ги слушаме потребите на бизнисот и заедно учествуваме во образувањето на нашата младина. Ова го истакна министерката …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС како раштиман оркестар две недели повторува исто партиско соопштение и се занимава со апсурди
СДС како раштиман оркестар две недели повторува едно исто соопштение. СДС е до толку демолирана партија што се обидува да ја манипулира јавноста со теми кои се веќе анализирани, образложени и надминати. СДС се дефокусирани, расеани и исплашени од Божиновска, поради тоа што почна да открива каков се криминал правеле СДС во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО. СДС дефокусираат поради …
Continue Reading
Веќе е готов нов закон со кој се предвидува не само етничка туку и полова и секаква застапеност во институциите, уверува Таравари
Со нов закон ќе се гарантира етничка, полова и застапеност во институциите на сите категории луѓе што живеат во државата, рече денес министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашното укинување на балансерот за вработување во јавните институции. Тој нагласи дека Уставниот суд одлучил на површина да извади проблеми кои стојат со години во судот во првите сто дена од Владата, …
Continue Reading
СДСМ бара оставка од Сања Божиновска по серијата скандали
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара оставка од министерката Сања Божиновска поради, како што појаснуваат, серијата скандали и лажните изјави во јавноста за нејзиното бугарско државјанство. „Божиновска го излажа народот, прикривајќи информации за своето бугарско државјанство. Иако тврдеше дека се откажала од пасошот и бугарското државјанство јавноста од бугарските медиуми дозна дека не само што не се откажала туку дека и …
Continue Reading
СДС од ден на ден тоне во своите лаги, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека државната комисија за спречување корупција пресече и докажа дека СДС води ниска и бедна кампања. „Вистината која ја докажа ДКСК не може да ги надохнади нервозите и стресовите кои СДС ги нанесе и тоа, ни помалку ни повеќе, на дете. СДС ниту ќе се засрамат, ниту ќе се извинат, затоа што тие ништо друго не знаат …
Continue Reading