Продолжува работната посета на претседателот на Владата, Мицкоски во Берлин

Денес продолжува посетата која претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ја имаат на Берлин, Сојузна Република Германија која е дел од таканаречениот Берлински процес. Премиерот Мицкоски ќе има излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) …

Continue Reading

Средба Лимани- Шчекич: Само обединети како регион можеме да одиме напред и да се приклучиме на глобалниот економски пазар

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, во рамки на работната посета на Берлин, заради учеството на Форумот за млади од Западен Балкан, оствари билатерална средба и со министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шчекич. На средбата стана збор за тоа дека покрај регионалното поврзување на младите кое го прави Регионалната канцеларија за младинска соработка- …

Continue Reading

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст“, велат од СДСМ. „Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и …

Continue Reading

Политиките на Бектеши заслужни за тешката состојба во енергетскиот сектор, велат од ЕСМ

Крешник Бектеши како поранешен министер за економија, во чија надлежност до неодамна беше и енергетиката, наместо да преземе одговорност за затекнатите лоши состојби во оваа дејност, шета по медиуми и критикува за состојби директно создадени од неговите политики, истакнуваат од ЕСМ. „Тој како кадар на ДУИ и раководителите кои оваа партија ги поставила во рамките на енергетските компании, преку низа …

Continue Reading

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити вели дека сѐ уште не може да открие, но најави дека за него ќе има широка јавна дебата. Драфт верзијата, според Меџити, ќе ги помине сите потребни филтри за да не се случи повторно да имаме половичен закон, кој ќе биде …

Continue Reading

Скопје и урбаните средини во Македонија се загадени оти граѓаните користат сѐ и сешто за греење, гасификацијата е топ приоритет, вели Меџити

Иако состојбата со загадениот воздух е лоша, министерот за животна средина и прв вицепремиер, Изет Меџити, вели дека, за вола на вистината, секоја година има подобрување во оваа насока. Тој уверува дека интензивно работат на подобрување на квалитетот на воздухот и најави посебни сектори за декарбонизација и за климатски промени во Министерството, покрај останатите мерки. „Мислам дека според сите анализи …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Меџити оствари средба со шефот на СЗО во РСМ Аким Али

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари прва средба со претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларија во Скопје, Аким Али. На средбата Меџити и Али изразија подготвеност за зајакнување на меѓусебната соработка, особено од причина што состојбите во животната средина директно се одразуваат на здравјето на граѓаните. …

Continue Reading

Митева најави скок на платите во образованието за 46%

Новата портпаролка на Владата, Марија Митева денеска на прес конференција најави скок на платите во образованието за 46%. „Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена …

Continue Reading

Мисајловски на свечената заклетва на 28. класа питомци: Вашиот избор покажува дека ја сакате татковината

„Ви честитам на изборот, вашата работна кариера да ја посветите на Армијата, но првенствено на граѓаните, и на државата. И вие и ние заедно со вас почнуваме ново поглавје во вашите животи“, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната свечена заклетва на 28. класа питомци во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, – Скопје, на која присуствуваа Претседателката и врховен …

Continue Reading