Министерот Муцунски учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од страна на министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. На конференцијата се очекува министрите да разменат мислења и ставови околу враќањето …
Continue Reading
ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци во нивните редови и лица блиски со нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владеењето на СДС и ДУИ е забележано со бројни криминални и корупциски скандали, таков е последниот во МЕПСО каде постојат сомнежи и индиции за злоупотреба на три милиони евра …
Continue Reading
Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски, Обвинителството мора да постапи, бара СДСМ
„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија“, велат од СДСМ. „Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на …
Continue Reading
Битиќи: Инклузивноста и консензусот во Националната развојна стратегија се темел за долгорочниот развој и стабилност
„Националната развојна стратегија(НРС) отвора пат кон долгорочен развој, стабилност и просперитет за сите наши граѓани и граѓанки. Нејзиното усвојување е повеќе од обична политичка одлука – тоа е пресвртна точка, момент кој бара зрелост, одговорност и најважно, консензус“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната 17-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која, меѓу другото, се расправаше …
Continue Reading
Николоски за „Катимерини“: Нашиот пат кон ЕУ е многу тежок
Нашите граѓани заслужуваат да бидат членки на ЕУ за да имаат подобра иднина. Како Влада се обврзавме дека ќе ги спроведеме неопходните реформи што ги имаме пред нас. Нашиот пат кон ЕУ е многу тежок, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за грчкиот весник Катимерини. Николоски во интервјуто посочува дека како Влада веруваат во …
Continue Reading
Три години по пописот, Реџепи побара Уставен да ја укине поделбата на резиденти и нерезиденти: сега се чувствува штетата од таквата одлука
Укинување на поделбата на резидентно и нерезидентно население направена со пописот од 2021 година побара денес пратеникот на коалицијата „Европски фронт“ и претседател на движењето „Попули“, Скендер Реџепи. Иницијативата ја достави денес до Уставниот суд и појасни дека поделбата е незаконска и неуставна оти ниту во Уставот ниту во Законот за пописот не е предвидена поделба на граѓаните на резиденти …
Continue Reading
Филков од Будвa: Потребни се напори во изнаоѓање на решенија кои ќе соодветствуваат на развојот на дигиталната технологија
Министерот за правда Игор Филков учествуваше на дводневниот министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва. На форумот беше реафирмирана силната регионална посветеност и блиската соработка за правда и за внатрешни работи. Европската унија и Западен Балкан разговараа за неодамнешните случувања во врска со дигитализацијата на правдата и остварија размена на мислења за можностите …
Continue Reading
СДС е распадната структура, коридорите и беа маска за полнење на сопствените џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во СДС се далеку од реалноста и се дезориентирани. Политичката сцена бара сериозност и одговорност, а СДС наметнува реторика без суштина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по пресот на Благој Бочварски. СДС, според оваа партија, е само распадната структура која нема кредибилитет, компетентност, ниту има слух за проблемите на граѓаните и нивно решавање. ВМРО ДПМНЕ, како што додаваат, не игра на карта …
Continue Reading
Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски, прашуваат од СДСМ
Премиерот Христијан Мицкоски се пофали дека телефонски разговарал со Бојко Борисов, му ја честитал победата и изразил оптимизам дека ќе успее да формира влада. Но, само пред еден месец јавноста во Македонија слушна меѓусебни отровни искази, навреди, барања за оставки на релација Борисов – Александар Николовски, велат од СДСМ. „Па дури и обвинувања за криминал.Николовски споменуваше „златки пачки“ и „стотици …
Continue Reading