ВМРО-ДПМНЕ: Владата веќе презема мерки за воздухот и со системски решенија на среден рок ќе обезбеди чиста животна средина

Загадувањето на воздухот не е проблем што може да се реши во четири месеци власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија. Според нив, нивото на загаденост на воздухот е високо затоа што опозиционите душегрижници, СДС и ДУИ седум години на власт не направија ништо и не преземаа никакви системски мерки кои до сега би дале ефект. Владата предводена од …

Continue Reading

СДСМ: Криминалните пресметки во Скопје тема и во регионалните медиуми, неспособноста на Тошковски далеку се слуша

Според СДСМ, криминалните пресметки во Скопје станаа регионална тема, за настанот со фрлената бомба во Керамидница информации објавуваат српските и хрватските медиуми. „Негативните вести за криминалните банди во Македонија и за неспособноста на Тошковски далеку одекнаа и надалеку се слушаат. Загрижува нарушената безбедност на граѓаните откако Тошковски е на чело на МВР. Како да сме Див Запад, крвавите пресметки на …

Continue Reading

Без аргументи ДПМНЕ не го одбрани расипничкиот буџет во комисијата, затоа е нервозата кај Стојановски, велат од СДСМ

Седницата на Комисијата за финансирање покажа дека ДПМНЕ нема аргументи и не може да го одбрани предложениот расипнички и гломазен Буџет кој освен нови долгови врз грбот на народот не нуди развој на економијата ниту покачување на платите, истакнуваат од СДСМ. Затоа, како што оценуваат, има голема нервоза кај пратениците на ДПМНЕ. „За власта набавката на службени возила е поважна …

Continue Reading

Подготвени сме да се соочиме со гласачите, велат од ДУИ барајќи предвремени избори

Политичката партија ДУИ и утрово се осврна на повикот за предвремени избори, заедно со локалните, коментирајќи дека тоа не е само политичко барање, туку демократска можност сите страни да ја потврдат довербата од граѓаните, особено во време на криза на легитимитет. „Ние сме подготвени да се соочиме со гласачите и да се вклучиме во транспарентен процес кој ја рефлектира волјата …

Continue Reading

Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70,8 посто, најголем досега во историјата

Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто, за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто. Еве, држете ме за збор и на 15 јануари ќе зборуваме дали е тоа така или не. Никогаш во …

Continue Reading

Лефков: Предлог буџетот за 2025 година има за цел да обезбеди економска консолидација и развој на Македонија

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков кој истакна дека овој предлог буџет е предложен во согласност со стратегиите за економски раст, за финансиска усогласеност и фискалната консолидација. Тој нагласи дека предлог буџетот претставува предлог стратегија …

Continue Reading

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во …

Continue Reading

Тошковски: Набавивме нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот, метежот е минато

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи. „Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги …

Continue Reading

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен начин да го донесат гасот во државата за најевтино централно затоплување

„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко и гуми. Не се тие корисници виновни, едноставно социјалната состојба е таква да бидат приморани да тоа го користат, биде замената со друг енергенс којшто е прифатлив за нив, а тоа е централно затоплување, рече претседателот …

Continue Reading