СДСМ: Молкот на Андоновски го потврдува скандалот со новиот тендер, институциите да постапап веднаш
„Скандалите во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски не престануваат. По тендерот добиен од сопругот на државната секретарка Клинчарова, сега јавноста дозна за нов тендер вреден 600.000 денари. Според информации од свиркачи кои јавно ги објавивме, сомнежите се дека овој тендер бил доделен на фирма поврзана со родителите на вработен во ИТ-секторот на истото министерство“, соопшти СДСМ. „ДПМНЕ …
Continue Reading
„ССМ станала приватна фирма со Трендафилов, за само една година луѓето околу него земаат милиони во вид на плати и додатоци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над милион денари годишно во вид на плати и додатоци. За ова да е уште потрагично, овие пари ги земаат од донациите кои синдикалците со ниски примања ги даваат на ССМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Лажните синдикалци кои го предводат ССМ, се богатат на маката на работниците. Затоа, работниците кои членуваат во ССМ, …
Continue Reading
„Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски“, прашува СДСМ
„Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се поставува прашањето: дали и самиот е лично вклучен и ги диригира криминалните процеси во земјата?“, велат од СДСМ. „Пред само неколку месеци, шефот на неговото обезбедување претепа полициски службеници и спречи полициска акција за сузбивање на дрога — настан што …
Continue Reading
Партијата Левица со јавен повик до Михаилов: Престанете со уцените кон работниците во ЈП „Македонски шуми”
„Левица, како автентичен претставник на обесправените работници, остро реагира на загрижувачките информации кои доаѓаат од вработените во ЈП „Македонски шуми”. Според бројни поплаки, ова Претпријатие е претворено во полигон за партиски злоупотреби, политички притисоци и директни закани кон работниците, додека вистинските проблеми остануваат нерешени“, велат од партијата Левица. „Јавно го прашуваме заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шуми”, Кире Михаилов, …
Continue Reading
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?
Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му
„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот
И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, …
Continue Reading
СДСМ: Четири дена молк од Владата за екоцидот на Крива Река
„Четири дена поминаа од еколошката хаварија во Крива Река – а Владата, Министерството за животна средина и надлежните институции сѐ уште не даваат одговори. Нема информации што ќе се преземе, нема најави за нови анализи, нема план за заштита на здравјето на граѓаните. Дали здравјето на граѓаните е воопшто приоритет за оваа власт? Срамно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и …
Continue Reading
СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ
„Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде да се накити со туѓи перја и да ги промовира инвестициите на СДСМ како свои. Гордо Мицкоски наајави дека оваа недела започнува со работа фабриката на канадската компанија „Магна“, најавувајќи ја како „нова странска инвестиција“. Но, штипјани имаат подобра меморија од него – тие знаат дека оваа инвестиција беше најавена уште во мај …
Continue Reading