Кузеска: Трагедијата во Кочани покажа длабоки пропусти на МВР, мора да има одговорност
Најтешката трагедија во поновата историја на нашата држава – трагедијата во Кочани – однесе уште една жртва. Болката се уште е огромна, а прашањата за одговороност за институционалните пропусти– сè погласни. Трагедија со вака тешки последици, со толку голем број на жртви повикува на неселктивна истрага и одговорност од сите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа рече дека и …
Continue Reading
ВРЕДИ: Земјата се соочи со високи такси од САД поради расипаниот имиџ на државата
Главната причина зошто Северна Македонија се соочува со повисоки такси од САД не е поврзана само со економските фактори, туку пред се со расипувањето на имиџот на државата на меѓународната сцена, велат од коалицијата ВРЕДИ. Според нив, ваквото влошување на имиџот е директен резултат на недоличното владеење и скандалите на поранешната власт, вклучително и функционери на ДУИ, кои, како што …
Continue Reading
„Ниту 50% намалени цени за патарините, ниту патни трошоци за работниците“, власта не ги изгласа предлозите на партијата Левица
„Македонија ќе продолжи да ги има најскапите патарини во Европа за едни од најлошите и не безбедните патишта бидејќи пратениците од власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ одбија да гласаат по предлогот на Левица за намалување на истите за 50%“, велат од партијата Левица. Предлогот го образложи пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, којшто посочи дека е „некоректно пратениците на коишто …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Започна исплатата на зголемените плати во здравството
„Со априлската плата за месец март, здравствените работници го добија ветеното зголемување на платите од 2500 денари!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со многу труд, работа и посветеност, платите во јавното здравство заедно со зголемувањето во ноември минатата година, достигнавме зголемување од 4815 денари, додека пак за медицинските сестри, платите се зголемија за 6200 денари! Моментално, просечната плата во јавното здравство изнесува …
Continue Reading
Учество на Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: Нагласен фокусот на Алијансата врз Западен Балкан
На покана на генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Состанокот претставува добра можност министрите заеднички и во поширок …
Continue Reading
ДУИ: Дали „новиот општествен договор“ е антипод на Охридскиот договор и почеток на реформатирање на уставниот модел на државата?
„Како е можно лидерска средба за таканаречен „нов општествен договор“ да се одржи меѓу првопласираната и третопласираната партија на изборите? Дали критериумот за учество во овие преговори е етничката припадност, наместо демократскиот легитимитет? Дали ова значи дека се воведува нова практика на едноетничко моделирање на државата, каде што Албанците и другите заедници се сведени на набљудувачи“, прашуваат од ДУИ. „Дали …
Continue Reading
„Во Буџетот обезбедивме 17 милијарди денари за зголемување на пензиите и здравствено осигурување на пензионерите“, велат од Владата
„Грижата за пензионерите е приоритет на Владата. Пензионерите конечно го добија заслуженото. Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари на над 330.000 пензионери значи исполнување на даденото ветување“, велат од Владата. „Со ова второ линеарно покачување од 2.500 денари го заокруживме циклусот од зголемување на пензиите за 5.000 денари, со што најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната …
Continue Reading
Мицкоски и Филипче ги поделија сферите на интерес и се договорија да ја задушат правдата, велат од Алијанса за Албанците
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче во изјавите по денешната скандалозна средба ги потврдија сите наши сомнежи и ги открија своите планови, велат од Алијанса за Албанците. „Тие се согласија да формираат работни групи во три области кои се поврзани, се вкрстуваат или од интерес за двајцата лидери. Ќе ја подготват реформата во здравството, сфера на интерес …
Continue Reading
Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев, се покажа дека е чувар на фотелја, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев. Со други зборови тој кажа дека народот треба да му биде благодарен што Заев ја водеше државата, што го смени името, ја упропасти економијата, што СДС стана безгласна буква преку ДУИ, Артан и Ахмети, истакнуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче не чувствувал одговорност за модуларната болница, и кажа дека понудил …
Continue Reading