Мисајловски во Тирана: Успехот на САД – Јадранската повелба е доказ за заедничката посветеност на регионалната безбедност и стабилност
„Дискусиите на овој министерски состанок на САД – Јадранската повелба се доказ за нашата силна посветеност во унапредувањето на безбедносната соработка и промовирањето на мир, стабилност и добрососедски односи во нашиот регион“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски кој денеска (4 декември) учествува на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана. Министерот на работните сесии на состанокот порача …
Continue Reading
Мицкоски за Дамева: Секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата која е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ на новинарско прашање како ја оценува оставката на Дамева, изјави дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба …
Continue Reading
Тошковски – Нешиќ: Одличната соработка меѓу двете министерства дава одлични резултати за безбедноста на нашите граѓани
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот за безбедност, Ненад Нешиќ. Фокусот на средбата беше ставен на продлабочување на меѓусебната соработка и унапредување на пријателските односи меѓу македонското министерство за внатрешни работи и босанското министерство за безбедност. „Разговаравме за сите прашања кои се во интерес …
Continue Reading
Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор
Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“ на улиците и сообраќајниот хаос којшто настана, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот посочи дека МВР одлучно ќе одговори против сите коишто ќе се обидат да …
Continue Reading
Лефков: Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови за Бугарија, за Македонскиот народ и јазик
Венко Филипче, неврохирургот и потрчко на Заев се гордее со Зоран Заев и не планира да се откаже од него. Филипче наместо да покаже дека е автентичен, се забетонира себе си на дното, изразувајќи му лојалност на Зоран Заев, човекот кој ги направи сите предавства и под чија капа беа сите криминали, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче …
Continue Reading
„Скандал во Тетовската болница: До каде може да оди моралната деградација и кражбата на грбот на животите на пациентите“, прашува ДУИ
„Скандалите кои ја опкружуваат Клиничката болница во Тетово секојдневно ја шокираат јавноста. Последните вести, кои откриваат дека директорот склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, е јасен доказ за невидена морална деградација. Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги …
Continue Reading
Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС по изборите на 8 мај кога граѓаните им дадоа црвен картон, наместо да наоѓа начин за консолидирање, бара начин за факторизирање на општествената и политичката сцена, без работа на терен“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „СДС комплетно се лаже дека барањето за лидерска средба, ќе го направи Филипче лидер. Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска …
Continue Reading
ДУИ: Ден шести од легализирањето на навредата кон Албанците
Поминаа шест дена од тешкиот и неприфатлив чин, кога полициски службеник, пред очите на целата јавност и камерите, насилно го отстрани албанското знаме и го фрли на земја со презир. Овој флагрантен чин, кој не само што го понижува нашиот национален симбол, туку и сите Албанци, сè уште останува без никаква последица за сторителот, истакнуваат од ДУИ. „Денес се одбележува …
Continue Reading
Костова: СДСМ цврсто против зголемување на старосната граница за пензионирање, популизмот на ДПМНЕ нема да го плаќаат работниците
Заговарањето за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е уште еден во низата удари кои во изминативе шест месеци беа нанесени на грбот на работниците. За СДСМ, идејата за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. -Овие најави совршено се надоврзуваат на основните …
Continue Reading