„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина веќе недела дена како го покренавме прашањето за златната виза за Дубаи на Венко Филипче, по примерот на неговиот надреден и духовен водач, Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нашите дилеми и прашања, по однос на златната виза, јавно ги покренавме …

Continue Reading

ДУИ: Агенцијата „Рубикон“ – синоним за институционално прикривање

„На протестот што го организираа семејствата на трагично загинатите млади во Кочани, пред два дена, беа изнесени шокантни информации кои досега не беа демантирани, ниту објаснети од надлежните институции. Родителите на жртвите јавно поставуваа прашања за улогата на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ и МВР. Овие прашања го поставуват Министерството за внатрешни работи во центарот на одговорноста“, велат од ДУИ. „Затоа, …

Continue Reading

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја напушта коалицијата Вреди. Тој истакна дека останува член на партијата Алтернатива и дел од коалицијата Вреди, истовремено потенцирајќи дека како собраниски спикер ќе продолжи да ги извршува своите обврски согласно уставните надлежности. „Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на …

Continue Reading

Фетаи жестоко го нападна Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство, додека замижувавте пред злосторства

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, остро реагираше ден по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој оцени дека само Арбен Таравари сфатил дека позициите на Албанците во Владата се понижувачки. Фетаи го обвини Ахмети за лицемерие и му порача дека тој „не е ничиј слуга“. „Ахмети рече дека Арбен Таравари разбрал оти Албанците во Владата го понижиле и …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го понижи културниот сектор и сега нема кредибилитет да зборува за достоинство

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на денешната изјава на СДСМ, оценувајќи ја како „дрзок обид за дефокусирање на јавноста“ токму на големиот христијански празник Велигден. „СДС денес, кога се слави Велигден, повторно се обидува дрско да го пренасочи вниманието од катастрофалното наследство што ѝ го остави на Македонија во културата. Јавноста добро памети кој ја газеше културата, кој ја претвори …

Continue Reading

Меџити: Вреди ќе се менува, платформата станува партија

Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави вицепремиерот и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, процедурите за формирање на новиот политички субјект ќе започнат веќе следната недела. „Граѓаните испраќаат јасна порака – сакаат единствена, организирана и координирана понуда. Јавно велам: не е важно кој ќе биде претседател, …

Continue Reading

СДСМ: Џабе е извинувањето на Љутков, културните работници без пари го слават Велигден

Опозициската СДСМ остро ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, „груб и срамен удар врз културните работници“, токму во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Според партијата, наместо со зголемени плати како што било договорено во Колективниот договор од 2021 година, вработените во културата велигденските празници ги дочекаа без ниту денар на сметка. „Од мартовската плата требаше …

Continue Reading

ДУИ за истрагата за пожарот во Кочани: Обвинителството се оддалечува од правдата и влегува во политичка игра

Од Демократската унија за интеграција остро реагираат на последната прес-конференција на главниот јавен  обвинител, кој се повика на меѓународни примери како Романија, Бразил и САД, за да ја оправда одлуката за воведување долгорочна каузалност и отворање обвиненија против поранешни функционери. „Ова не е право, ова е правна импровизација. Главниот обвинител не се води од закон, туку од желба за аплауз“, …

Continue Reading

СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник, велат од ВМРО-ДПМНЕ

На Велики Петок, на најтешкиот ден во Христијанството, СДС продолжува со тешки лаги и клевети, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС е партија, каде Филипче ја чува фотељата на главниот шеик Заев, додека ги размножува милионите во Дубаи. СДС да не прави политика од рецидивите на катастрофата која ја оставија“, порачуваат од партијата на власт. Покачените плати, најавуваат, ќе бидат исплатени во …

Continue Reading