(Видео) Животот во Македонија станува прескап – власта на Мицкоски потфрли во економијата, вели Кузеска

„Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62.861 денари, што е зголемување за 840 денари во споредба со претходниот месец. Ова значи дека веќе ниту две минимални плати не се …

Continue Reading

ДУИ: Партиски активисти се именуваат на највисоките позиции во правосудниот систем, ја загрозуваат неговата независност и кредибилитет

Демократската унија за интеграција остро го осудува невидениот притисок од страна на Владата врз органите на правдата, судството и обвинителството, соопштија од партијата. Оваа, како што велат, флагрантно мешање, придружено со конформизмот на одредени актери во овие институции кон политичкото влијание, го доведува во прашање вербалното залагање на власта за воспоставување на правна држава. Според ДУИ, ситуацијата станува уште позагрижувачка …

Continue Reading

Мисајловски најави вработувања: В година ќе има оглас за 300 нови професионални војници и 60 луѓе со цивилни факултети

  Следната година Армијата ќе вработи нови професионални војници, граѓани со цивилни факултети, но и администрација потребна на Министерството за одбрана, најави денес министерот за одбрана Владо Мисајловски. Стабилното буџетирање, инвестирањето во модернизацијата и опремување во човечкиот капацитет се трите столба од приоритетно значење на Министерството за одбрана и Армијата за следната година. „Сакам да најавам дека од следната година …

Continue Reading

После 12 години од „црниот понеделник“ на 24 декември, се најавува враќање на режимските методи, велат од СДСМ

„24 декември 2012 година е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија. Пред точно 12 години режимот на ДПМНЕ насилно исфрли пратеници и новинари од Собранието“, велат од СДСМ „Со сила, инсталираниот режим на ДПМНЕ ја задуши демократијата во македонското Собрание само затоа што опозицијата се противеше на носењето на најрасипничкиот, криминал буџет во историјата на државата. Новинарите …

Continue Reading

Бесплатен превоз за невработени, паричен надомест за пензионери, солидарен фонд за средношколци од социјален ризик се дел од мерките кои Левица ги предлага во Град Скопје за следната година

Советничката група на Левица во Советот во Град Скопје поднесе 10 амандмани на Буџетот и предлог програмите на градот за 2025 година. „Во поднесените амандмани ги предлагаме следните мерки: – Еднократна парична помош за пензионери со ниски пензии (пензии до 20.000 денари), – Набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот; – Бесплатен јавен превоз за невработените …

Continue Reading

Зошто Тошковски дозволи Груби да избега, прашува СДСМ

„Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање,а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, прашува СДСМ. „Артан Груби и …

Continue Reading

ВЛЕН: Сме посветени да се погрижиме секое семејство да има полна трпеза за време на празниците

Коалицијата ВЛЕН уште еднаш докажува дека е блиску до граѓаните за да им излезе во пресрет, покажувајќи посебна грижа за сите семејства, особено за албанските во овие празнични периоди. Преку “Новогодишната кошница“ нашите граѓани ќе имаат полни трпези за да ја дочекаат оваа година на промени на поинаков начин, уште повеќе и подобро. Оваа мерка, која беше воспоставена за време …

Continue Reading

СДС и Венко Филипче знаеја, молчеа и го одобруваа криминалот на Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС му слугуваа на ДУИ и на Артан Груби. Тоа го знаат сите и се беше на очиглед на целата македонска јавност. Сега се знае и зошто беше тој поданички однос на СДС кон ДУИ и Артан Груби. Затоа што беа соучесници во криминалот на Груби, кој со години и системски ја пљачкаше Македонијa и македонските граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. …

Continue Reading

Храната е прескапа, со ДПМНЕ и Мицкоски граѓаните осиромашуваат, велат од СДСМ

„Храната е прескапа, цените на основните производи вртоглаво се зголемуваат. Освен трговците граѓаните немаат никаква корист од новогошната кошничка. Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември е зголемена за 840 денари и изнесува 62.861 денари“, велат од СДСМ. „Ниту две минимални плати веќе не се доволни за основните потреби на луѓето. Со ДПМНЕ на власт граѓаните имаат …

Continue Reading