ВЛЕН: Осуда за провокациите кои го отежнуваат динамизирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ
ВЛЕН изразува загриженост и ги осудува изјавите на „некој маргинален проруски политичар во Бугарија“ кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“. „Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, …
Continue Reading
Ако СДС сака да стане сериозен општествен фактор, да им се извини на граѓаните што му дозволи на Груби да ја краде Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС се тие кои дозволија Артан Груби да прави што сака и да ја краде државата. Артан Груби со друга владина структура не би можел така да се однесува. Но, бидејќи СДС беа гладни за власт и сакаат да останат во владините фотелји што подолго и по секоја цена, му дозволија на Груби да краде од Државна лотарија и од …
Continue Reading
За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие, велат од СДСМ
„Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните. Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња“, велат од СДСМ. „Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на …
Continue Reading
ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ
„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО – ДПМНЕ. Наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за својот тежок пораз, таа бара спас со тоа што им сервира на Македонците лажен непријател – Албанците“, рагираат од ДУИ на изјавата на Венко Филипче. „Но …
Continue Reading
Филипче да биде искрен и јавно да се огради и од менторот Заев, кој без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Добро е што Венко Филипче, после години громогласен молк и оправдување на политиките на СДС кои директно ја поткопуваа македонската државност, конечно се осмели макар и лажно да направи било каков чекор во одбрана на националните интереси. Меѓутоа, вистинската искреност бара не само зборови, туку и извинување и преземање одговорност за сите предавства на СДС изминативе седум години“, велат од …
Continue Reading
Меџити на средба со Касами: Вложуваме во Тетово и овозможуваме забрзан развој и решавање на проблемите на населението
Денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ја посети општина Тетово каде оствари средба со градоначалникот Биљал Касами. На средбата се разговараше за проектите што се доделени на ова општина од страна на Владата и конкретно од Министерството за животна средина. Дел од проектите се во тек на реализација, а за …
Continue Reading
Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН
„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција. Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата дека работат на некакви туѓи агенди кои ја оддалечуваат Македонија од патот кон еднаква и стабилна држава“, велат од ВЛЕН. „Да се потсетиме дека најголемиот спроведувач на агендата за …
Continue Reading
Николоски се сретна со австрискиот амбасадор Памер: тема на разговорите нови авиолинии и зголемување на економската соработка
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остави работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер. На средбата се потврдија добрите билатерални врски меѓу двете земји, со посебен акцент на развивање на економските односи. Вицепремиерот Николоски ги презентираше условите за инвестирање во земјава, притоа на средбата се разговараше и за повикот на нови авиолинии …
Continue Reading
Јаневска: И со новиот закон, бесплатни учебници на 5 јазици
Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на учебниците за основните и средните училишта, со него ќе добиеме подобар квалитет на учебниците а тие и понатаму остануваат бесплатни. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање рече дека со новиот модел, учебниците се даваат на …
Continue Reading