(Видео) Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници, Мицкоски ја распродава Македонија
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека со новиот просторен план власта предвидува отворање пет нови рудници со што земјата се распродава за странски профити а на штета на здравјето на граѓаните. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, а дополнително Филипче посочи дека и планината Кожув влегува како подрачје опфатено со планираните геолошки истражувања. Тој побара повлекување …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон, СДС и Филипче да размислат што можат да прават реално за граѓаните, а не само да шетаат во Дубаи и по Егејот
Венко Филипче и талогот од СДС деновиве се обидуваат да покажат наводна загриженост, па предлагаат закони за земјоделците, за минималната плата, а вчера збореа биле загрижени и за пензионерите. Исто така покажуваат загриженост дека бил загрозен македонскиот идентитет, и дека Македонија била изолирана, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Но, му верува ли некој на Филипче? Има ли воопшто …
Continue Reading
Левица: Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик за пристапот до медиумскиот простор и распределбата на јавните средства за платено политичко рекламирање
Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик со кои се уредуваат пристапот до медиумскиот простор и распределбата на јавните средства за платено политичко рекламирање, истакнуваат од Левица. Иницијативата на Левица овие одредби, појаснуваат од партијата, ги оспоруваше како дискриминаторски, затоа што создаваат систем во кој политичките субјекти не влегуваат во изборната трка под еднакви услови, …
Continue Reading
Мицкоски со серија на средби во Њујорк: Европска интеграција, безбедност и регионална соработка во фокус
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Њујорк, оствари повеќе билатерални средби со високи претставници, на кои беа разменети мислења за европската перспектива на земјата, регионалната соработка, безбедноста и актуелните глобални предизвици. Премиерот Мицкоски во текот на вчерашниот ден оствари средба со претседателот на Република Финска, Александар Стуб, со кого разговараше за значењето …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи, а не го почитува судот
Љупчо Николовски поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта. Ако веќе Николовски се повикува на судот, тогаш треба и да покаже почит кон судската постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Судот не е место каде што се оди само кога на Николовски му одговара. Ако Љупчо верува во …
Continue Reading
СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра – Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати
Економските резултати на Мицкоски се катастрофлано лоши. Арамиски ги троши парите на граѓаните а економијата оди надолу. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените се поскапени, мерки нема, обвинија од СДСМ. „Дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, нема инвестиции, само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 а долговите се зголемени за 4 милијарди евра. Состојбата со буџетот, со …
Continue Reading
Мицкоски на средби со премиерите на Косово и Хрватска во Њујорк
Премиерот, Христијан Мицкоски, кој учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, имаше средби со неговите колеги од Косово и од Хрватска, Албин Курти и Андреј Пленковиќ. „Остварив средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти, на која разговаравме за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и заедничките предизвици и можности за развој на нашите две земји“, објави Мицкоски. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен
СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што се мерливи со бројки, а не со дневнополитички обвинувања и блед обид за собирање на политички поени на СДС. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето …
Continue Reading
Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање, партијата тврди дека е дискриминирана
Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Одлуката била донесена со мнозинство гласови, при што Судот се повикал на тоа дека за прашањето веќе било одлучувано во минатото. „Судиите застанаа на ставот дека тоа е веќе пресудена работа и дека одлуката која е донесена …
Continue Reading