ВМРО-ДПМНЕ: Нашата советничка група нема изгласано никакво намалување на средства за борбата против загадувањето

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема изгласано никакво намалување на средствата за борба против загадување на воздухот, реагира владејачката партија по обвинувањата изнесени од Љубица Јанчева од СДСМ. „Единствената гласачка машинерија во Град Скопје на Данела Арсовска е СДС, ДУИ и Левица. Сите прашања врзани со тоа треба да ги постават на друга врата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Воедно партијта ги повика …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат. СДС се единствено виновни што Артан Груби кој се најде и на црната листа на САД со години крадел и правел криминал. СДС имаше министер во МВР и судство и обвинителство под нивна контрола, иостакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кога беше по волја …

Continue Reading

(Видео) Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Додека скопјани се гушат, ниту централната ниту локалната власт на ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето. Напротив, дури и парите во буџетот на Град Скопје за заштита на животната средина, се драстично намалени, изјави координаторката на советничкаа група во Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева. „Наместо да ги зголемува, локалната власт на ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска ги намалуваат парите за животна …

Continue Reading

Лидерите на ВЛЕН на инаугурацијата на Трамп: Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД

„Лидерите на коалицијата ВЛЕН, присутни во срцето на инаугурацијата на претседателот Трамп, силно ја покажуваат својата посветеност на интересите на Албанците во Северна Македонија. Ова големо учество во светската престолнина, Соединетите Американски Држави, е историски момент што ги покажува нашите блиски врски со западната демократија и нејзините вредности“, велат од ВЛЕН. „ВЛЕН е таму за да покаже дека Албанците се …

Continue Reading

Оваа СДС е истата партија од претходно, која молчеше, уште збор не кажува и не се извинува за криминалите на Артан Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е безгласна буква. СДС на чело со Венко Филипче дословно и без да гукне ги извршува политиките на неговите претходници, Зоран Заев и Димитар Ковачевски слугувајќи на ДУИ и Артан Груби. Филипче никако не може да излезе од нивната сенка и нема храброст да се извини за криминалните коалиции, за кои сеуште се држи, и за криминалот на Груби …

Continue Reading

Мицкоски со претседателот на републиканците Ватли на инаугирацијата во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли. „Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук. Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на …

Continue Reading

Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија

За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.   Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика. За средбата Мицкоски истакна: „Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои …

Continue Reading

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон кој лани го привлече вниманието на светската јавност поради интервјуто со Путин

Премиерот, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави фотографии од повеќе средби кои ги остварил во Вашингтон, пред инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. Македонскиот премиер сподели дека разговарал со новинарот Такер Карлсон, кој лани беше во центарот на светските случувања кога одлучи да направи со интервју со рускиот претседател, Владимир Путин. „Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker …

Continue Reading

Парно греење нема ниту во училиштата и градинките, СДСМ повика на формирање на кризен штаб

Опозициската СДСМ повика на формирање на кризен штаб, откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно. Според информациите, греење нема во  Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец. Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, а родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата. „Скопјани, децата, пензионерите мрзнат поради неспособноста на ДПМНЕ. Децата …

Continue Reading