(Видео) Кузеска: Кој плаќа лоби за Мицкоски – трговец со оружје кому казната му ја платил човек од кокаинскиот канал

Кој плаќа лоби за Мицкоски, праша на денешната прес-конфренција Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ. „Ќе повториме само што стои во американски регистар и што стои во истражувањето на БИРН. Човекот со кого Тимчо Муцунски беше на потпишување меѓу АТС Груп и турската државна компанија МКЕ. Тоа е одржано на 27 март 2025. Документот го потпишаа Шефшет Демировски, сопственик и директор …

Continue Reading

Јанчев: Колку поткуп лежи во повторното планирање на рудникот Казандол?

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, на јавната расправа за развојниот просторен план реагираше на повторното појавување на рудниците Казандол и Иловица во планската документација, иако станува збор за проекти околу кои повеќе од една деценија постои јасно изразена отпорност од страна на локалното население. „Казандол и Иловица се апсолвирана тема. Не ми е јасно како после десет години трибини, анализи …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Го охрабруваме Филипче да не се откажува и да продолжи да го води СДС

Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што Венко Филипче ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во СДС е само со цел да го оттргне вниманието од проблемите и да се обиде да ја задржи кохезијата внатре во …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Владата носи инвестиции од САД, СДС и Филипче немаат реална понуда за граѓаните освен лаги и хистерија

„СДС и Венко Филипче продолжуваат со лажната грижа за граѓаните. Лицемерието на Филипче и СДС оди до таму што велат дека бил загрозен македонскиот идентитет и дека Македонија била во изолација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Партијата што ја распродаде државата, смени име и ја доведоа државата во ќорсокак на патот кон Европа на чело со Заев, Филипче, Спасовски Мариќич и останатите …

Continue Reading

(Видео) Исмаил: Пагаруша и Вртекица ги плаќаат туѓите профити – камионите го уништуваат патот, власта го штити концесионерот!

Пратеникот на Левица, м-р Реџеп Исмаил – Хактан, на собраниска седница побара одговорност од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и од Министерството за внатрешни работи поради транспортот на варовник од локалитетот меѓу селата Пагаруша и Вртекица во Општина Студеничани. Тој предупреди дека тешките товарни возила ја загрозуваат безбедноста на локалното население и дополнително го оштетуваат патот што жителите …

Continue Reading

СДСМ: Повторно дефокус – платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски

„Повторно дефокус. Платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски. Токму кога СДСМ го разоткри планот на Мицкоски за распродажба на Македонија, отворање рудници и експлоатација на антимон без согласност од граѓаните. Токму кога објавивме дека приватна компанија за оружје платила над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Дефокус од платформата ЗНАМ 2.0. Напад врз СДСМ и претседателот Венко …

Continue Reading

Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија: време е за европски и јасни правила

ДОМ отвора европска дебата за правила што ќе ги стават јавниот интерес, енергетската и водната сигурност во центарот на развојот на дата-центрите. „По иницијатива на нашата партија, предлог-резолуцијата за регулиран развој на дата-центрите и заштита на енергијата, водните ресурси и локалните заедници е прифатена со силна поддршка од сестринските зелени партии и ќе биде ставена на гласање на претстојниот Конгрес …

Continue Reading

Крмов се сретна со претставници од Европскиот парламент: „Дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи“

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, оствари средба со претставници на Европскиот парламент, во рамки на 25-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Како што известуваат од Левица, во разговорот за реформската агенда на Владата, Крмов посочил дека квантитетот на реформите не можат да бидат замена за нивниот демократски и правен квалитет. Како примери ги …

Continue Reading

Лукаревска до Серафимовски: Граѓаните имаат право да знаат каква храна јадат, зошто го криете извештајот за „млечниот скандал

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во кое го повика да даде одговор кога јавноста ќе го добие извештајот за „млечниот скандал“. Лукаревска посочи дека наместо транспарентност и одговорност, со месеци граѓаните се без информации за резултатите од контролите на млечните и месните производи, …

Continue Reading